Среда, 18 Септември 2019    PDF Печати Е-пошта
Димитар Михајлов - зограф

isusДимитар Михајлов - зограф

Димитар Михајлов е македонски зограф од почетокот на XIX век, претставник на Самаринската уметничка школа. Во 1830 - 1833 година тој и неговиот татко ја зографисале трпезаријата на Бигорскиот манастир и се автори на иконите во иконостасот на Бигорскиот манастир. Во 1832 година, Димитар се замонашил во манастирот под името Даниел, а подоцна служел како протостингел на Пелагониската митрополија. Oд 1840 до 1852 година Михаил и Димитар ја зографисале црквата „Свети Ѓорѓи“ во Рајчица. Кај нив учел и Дичо Зограф.

Димитар Михајлов е роден во градот Крушево во семејството на познатиот зограф Михаил Анагност попотекло од Самарина, Егејскиот дел на Македонија. Димитар е постар брат на зографот Николај Михајлов.

Димитар зографскиот занат го научел кај својот татко и првично работел со него. Тој сликал многу икони во Македонија и Албанија. Најчесто на своите дела се потпишувал на грчки, а поретко и на славјански, како на пример во Бигорскиот манастир.

Во 1830 - 1833 година Димитар и Михаил ја зографисале трпезаријата на Бигорскиот манастир. Во 1832 година, Димитар се замонашил во манастирот под името Даниел, а подоцна служел како протостингел на Пелагониската митрополија.

Десет години потоа, на 26 март 1842 година, Димитар напишал писмо до игуменот на Рилскиот манастир во кое го информирал за желбата на неговиот татко Михаил да го зографиса новиот католикон, главниот храм на манастирот.

Во 1848 година ја насликал црквата „Св. Параскева“ во Халики, Трикалско. Од црквата, негова е и иконата „Свети Димитриј“ од 1870 година.

Освен ова дела, неговите се иконите и кралските двери во митрополитскиот храм на „Успение Богородично“ во Елбасан (1826 - 1828), икони во Бигорскиот манастир од 1829 година, како и иконите на новиот иконостас (1831 - 1835), насликани со неговиот татко Михаил и неговиот брат Николај. „Христос Елејмон“ (1830) од Корчанскиот музеј за средновековна уметност, „Благовештение“ (1834) од „Свети Атанасиј“ во Подвис, икони во Фиер, „Света Богородица Одигитрија“ од манастирот „Света Богородица“ во Појан, иконостасните икони од Свети Никола" во Крушево (со Михаил и Николај),"  Света Параскева" (1866) во "Света Параскева" во Мегалохори, Трикалско.

Покрај тоа што Михаил и Димитар се автори на иконите во иконостасот на Бигорскиот манастир, од 1840 до 1852 година двајцата ја насликале и црквата „Свети Ѓорѓи“ во Рајчица. Кај Михаил и Димитар учел и познатиот македонски зограф Дичо Зограф.

isus„Исус Христос Велик Архиереј“, икона от „Благовештение Богородично“ во Тирана, 1830 г., дело на Михаил Анагност и сина му Димитар

 

На прво место

News image

Зоран и Вице Заеви се директно вплеткани во мрежата „Рекет“

Зоран Заев е главата на криминалниот октопод

Историја

News image

ЗНАМЕТО Е СВЕТА РАБОТА

Македонското сонце изгравирано на ѕвоно во 1834 година, на коешто пишува: ☨ МАКЕДОНИА ✵- Мајстор ...

Иселеници

News image

Јавен повик од ДИК за пријава и увид во Избирачкиот список за дијаспората

Јавен повик од ДИК за пријава и увид во Избирачкиот спис...

Култура и туризам

News image

Чекори кон небото

Чекори кон небото, Виолета Сековска и други

Фељтон

News image

БАЛКАНОТ И МАКЕДОНИЈА (8)

III ЕПИСТЕМОЛОГИЈА НА ОНОМАСТИКАТА НА ПАНОНИЈА (ДЕЛ VI) Во Делибатската пеш...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.