Среда, 23 Октомври 2019    PDF Печати Е-пошта
Петар Христов - Германчето

germancetoПетар Христов - Германчето

Петар Христов – Германчето (1867 – 28. II 1907) е македонски револуционер, член и војвода на Македонската револуционерна организација. Бил активен учесник во Илинденското востание, по кое заминал на печалба во САД. Во 1905 година се вратил во татковината и учествувал во борбата на македонскиот народ за ослободување од турската властво Преспанско. Петар кој по родното место бил нарекуван Германчето, а бил познат уште како Петар Гермов и Петре Дамовски, загинал во борба со турската војска. Наоѓајќи се во безизлезна ситуација, за да не падне жив во рацете на непријателот тој се caмоyбил. 

Петар Христов – Германчето е роден во 1867 година во преспанското село Герман, Егејска Македонија. Растел во патриотска средина каде меѓу македонскиот народ се негувале спомените на едно славно минато за време на цар Самуил. Уште како мал покажувал голема борбеност и решителност и го нарекувале „капетан“. 

Петар бил природно интелигентен со I-во класно образование. Во 1899 година станал активен член на Македонската револуционерна организација која поради неговите способности го назначила за селски војвода. Во 1901 година бил уапсен од турските власти и осуден на 6 години затвор.

Во 1903 година, пред почетокот на Илинденското востание, Петар Христов – Германчето бил амнестиран и за време на востанието дејствувал активно како преспански војвода. Со педесет души востаници, под раководство на горскиот началник на Буфскиот реон Александар Ефтимов, Петар Христов – Германчето во текот на два три месеци од востанието дејствувал смело, херојски, против турските војски во реонот на Буфско и Горна Преспа. Тој со своето дејствување го спасил и своето родно село Герман да не биде запалено од турската војска. 

По задушувањето на востанието во есента 1903 година, Петар останал да го чува преспанското население. Меѓутоа, бидејќи востанието ја опустоши Македонија, Петар во пролетта 1904 година заминал на печалба за САД. Но, таму не останал долго време, бидејќи гласот на напатениот македонски народ го викал да се врати дома.   

Во февруари 1905 година, Петар преку Бугарија каде формирал чета се вратил како војвода во Македонија. Како преспански реонски војвода со своите 12 четници, меѓу кои има неколку Албанци, Петар Христов Германчето во месец април повторно се нашол меѓу своите соанродници од преспанскиот крај и повторно дејствувал во реонот на нахијата Наколец, а неговиот помошник Ѓаконот дејствувал во околината на Ресен.

Петар Христов – Германчето со четата дејствувал против Турците и андартите, припадници на вооружената грчка пропаганда, која по востанието станала многу активна во Македонија. Цели три години Германчето со својата умешност и тактика успешно крстарел низ овој реон без да го напушти.

Меѓутоа, предаден од еден кехај, на 28 фебруари 1908 година, Петар Христов – Германчето бил опколен од турската војска кај селото Дробитишта, Егејскиот дел на Македонија. По жестока борба од утрината до вечерта, откако му ги убиле двата другари, наоѓајќи се во безизлезна ситуација, за да не падне жив во рацете на непријателот, тој ја закопал целата архива и се caмоyбил. 

Така славно загинал Петар Христов – Германчето. Но со неговата не смрт не престанала борбата за ослободување на Македонја. Таа ја продолжил неговиот син Герман Дамовски како раководител на НОФ, за време на граѓанската војна во Грција (1945 - 1949). 

 

На прво место

News image

Документите говорат дека е уништен дански инсулин

Документите говорат дека е уништен дански инсулин, а не турски, СДСМ и МЗ треба да ги сносат после...

Историја

News image

Македонскиот етнос и етногенезата на Македонските династии

Краток опис на античката историјата за Македонија и нејзиното име

Иселеници

News image

ОМД: Венецијанската комисија и официјално против законот за јазици

ОМД: Венецијанската комисија и официјално против зако...

Култура и туризам

News image

ИЗРАЕЛ - ВЕТЕНАТА БИБЛИСКА ЗЕМЈА (20)

ИНТЕРЕСНО ПАТУВАЊЕ НИЗ ГАЛИЛЕЈА

Фељтон

News image

ОД ПАНОНИЈА ДО ЕГЕЈ (39)

ОЛИМПИСКИОТ ПАНТЕОН ВО ПАНОНИЈА -III ДЕЛ

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.