Среда, 25 Декември 2019    PDF Печати Е-пошта
Васил Алексовски

italjanska vojska

Васил Алексовски

Васил Алексовски  (1911 - 4. III 1944) е деец на македонското националноослободително движење. Од 1933 е член на Организација на грчката комунистичка младина (ОКНЕ) и на КПГ од 1936 година. Поради комунистичката дејност бил уапсен во 1939 година, а како воен обврзник, учествувал во Грчко-италијанската војна (1940-1941). По фашистичката окупација, подготвувал радиовести и се залагал за формирање македонски партизански одреди. Бил секретар на ЕАМ во реонот на Вишени-Горенци, Костурско (јули 1943), еден од основачите и член на Обласниот комитет на СНОФ во Костурско (декември 1943) и секретар на Обласниот комитет за Вишени-Горенци. Бил убиен од бугарската полиција. Опеан е во народната песна.

Васил Алексовски  е роден во 1911 година во костурското село Дреновени, Егејскиот дел на Македонија. Кога имал десет години со родителите се преселил во Костур, каде завршил училиште. Бил одличен ученик и уште додека учел станал симпатизер на Организација на грчката комунистичка младина (ОКНЕ).

Васил Алексовски  целата своја младост ја посветил на борбата за слобода и независност на македонскиот народ, против фашистичкиот режим на Метаксас и против нацистичкиот и италијански дашизам и нивните локални слуги.

Во 1933 година тој станал член на ОКНЕ, а од 1936 година бил и член на КПГ. Во периодот од 1930 до 1936 година, заедно со Ташко Караџа и други прогресивни Македонци, активно учествувал во активностите на Грчката комунистичка партија (КПГ). Тој е нејзин пратенички кандидат за парламентарните избори во 1936 година. Васил Алексовски одржувал врски со Лазар Трповски. Поради комунистичката дејност бил уапсен во 1939 година, за време на режимот Јоанис Метаксас.

Алексовски бил мобилизиран во грчката војска и учествувал во Грчко-италијанската војна (1940 - 1941) како припадник на 32 полк. По фашистичката окупација на Грција во 1941 година, активно учествувал во отпорот против фашистичките окупатори.  Тој подготвувал радиовести и се залагал за формирање македонски партизански одреди.

Во јули 1943 година, Алексовски бил назначен за секретар на ЕАМ во реонот на Вишени-Горенци, Костурско. Потоа декември 1943 година бил еден од основачите и член на Обласниот комитет на СНОФ во Костурско, како и секретар на Обласниот комитет за Вишени-Горенци.

Васил Алексовски одржувал врски со членови на „Охрана“, националистичка бугарска организација која дејствувала меѓу Македонците во Егејскиот дел на Македонија, со цел истите да ги привлече во антифашистичкиот отпор.

Влијанието на Алексовски врз македонското и грчкото население во регионот на Костур било големо. Тој успеал некои Македонци да ги привлече во комунистичкиот отпор и помогна да се зајакнат единиците на ЕАМ и ЕЛАС, како и да се ликвидираат бандите на Андон Калчев и други.

Но, поради своите активности, Васил Алексовски е предаден, сардисан и убиен од бугарската полиција на 4 март кај селото Черешница, Егејскиот дел на Македонија. Погребан е крај Костур, в местността Барова ливада.

Тажната вест за смртта на Васил Алексовски била пренесувана од село во село, од една до друга единица на ЕЛАС. Неговиот живот згасна но неговото име стана големо. Илјадници македонски мажи и жени, обединети со грчкиот народ се бореа да ја одмаздат смртта на Алексовски, која е опеана во народната песна: „Стани, стани Алексовски“:

Стани, стани, Алексовски

Стани, стани, другар Алексовски,
Стани, стани, стани, Васил Алексовски,

Да видиш да видиш твои другари,
Твоите другари по планини оде,

По планини оде, по планини,
Васил да намере, а Васил го нема,

Васил го убие, го убие,
Васил го убие проклети фашисти,

Стани, стани, другар Алексовски,
Стани, стани, стани, Васил Алексовски,

Не можа да стана за да стана,
Не можа да стана, куршум ме прениза.

 

Историја

News image

Русинот Бурич од Историската Конференција на Малта 1989: Без Македонизмот паѓа и целата цивилизација!

Осврт кон делото на рускиот мислител Владимир Бурич базиран на разговорите водени со него од макед...

Култура и туризам

News image

ОСТАНИ ДОМА - ЗА ТЕБЕ, ЗА НАС

ОСТАНИ ДОМА -  ЗА ТЕБЕ, ЗА НАС ЗА ТАТКОВИНАТА, ЗА ЧОВЕШТВОТО Мини-есеј: Марија Емилија Кукуба...

Фељтон

News image

БАЛКАНОТ И МАКЕДОНИЈА (14)

VI ДРЕВНА МАКЕДОНИЈА ВО ПРАИСОТИРСКИОТ ЕГЕЈ (ДЕЛ IV)

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.