Среда, 22 Јануари 2020    PDF Печати Е-пошта
Константин Ангелов Робев

konstantinКонстантин Ангелов Робев

Константин Ангелов Робев (1818 - 1900) е истакнат македонски лекар и преродбеник. Потекнувал од охридско трговско семејство, со голема финансиска моќ, кое некои го сметале за македонско кнежевско семејство.  Медицина завршил во Виена во 1842/43 година, а потоа се посветил на лекарската практика во Охрид и во Битола. Истовремено, се вклучил во преродбенското дело, водејќи борба со асимилаторската грчка политика во училиштата и во црквите. Тој бил особено ангажиран за отстранувањето на омразениот грчки владика  Мелетиј и раскинувањето на охриѓани со Патријаршијата (1867), како и за воведување на словенскиот јазик во нив. Учествувал и во познатиот Охридски и Демирхисарскиот заговор (1881).

Константин Ангелов Робев е роден во 1818 година во Охрид, Тој е истакнат претставник на охридското преродбенслко семејство Робеви, од кои најистакнати меѓу нив биле д-р Константин Робев, кој докторирал медицина во Виена и Димитар А. Робев кој бил пратеник во првиот парламент на Османлиското царство. Ангеле, таткото на Константин, во 1852 годна заминал со семејството во Битола да се грижи за претставништво на Робеви во Битола.


Константин Робев завршил грчкото средно училиште во Јанина, заедно до Димитар Миладинов. Од гимназиските денови потекнува и големото пријателство со Димитар Миладинов. По завршувањето на гимназијата Константин студирал на Медицинскиот факултет на новоформираниот Универзитетот во Атина (1837 - 1838), а од 1838 година продолжил со студиите на Универзитетот во Виена, каде што дипломирал во 1842 година.

По враќањето во Македонија, д-р Константин Робев многу децении ја практикувал лекарската професија и бил запаметен како одличен лекар за своето време. Покрај лекарската пракса, Константин  учествува и во активностите на семејната компанија Робеви, чии преставништва во земјата и во Европа биле како вистински македонски дипломатски преставништва.

Истовремено, заедно со другите членови на семејството, тој е еден од водачите во Охрид и Битола за црковна независност. Претставник е на Охриѓани во Цариград за протерување на патријаршискиот владика и раскинувањето на охриѓани со Патријаршијата (1867), како и за воведување на словенскиот јазик во нив.

Зачуваните писма од Димитар Миладинов, ги откриваат неговите ангажмани како во поглед на помагање младите Македонци да заминат на школување во Русија, така и во поглед на отстранување на омразениот  грчкиот владиката Милетија од Охрид и неговото заменување со владика од славјанско потекло.

Д-р Константин Робев барал од највисоките црковни власти во Цариград да биде отстранет од Охрид митрополитот поради неморално држење. Кога видел дека тоа негово барање е без ефект се обратил до Великиот везир на Османлиското царство и со големиот авторитет што го имал кај Турците се изборил да биде сменет неморалниот митрополит.

Д-р Константин Робев се ангажирал и за ослободување од Цариградскиот затвор на својот пријател Димитар Миладинов и на неговиот брат Константин, но очигледно не успеал да ги спаси познатите стружани.

Д-р Константин Робев е еден од најобразованите интелектуалци во Македонија од средината на деветнаесеттиот век. Има богата библиотека со томови на многу европски јазици. Таа не се состоеше само од книги од неговата струка, туку и од историја, археологија, литература. Полиглот, тој одржувал контакти со многу интелектуалци од регионот и од странство. Го примил во неговиот дом во Охрид рускиот научник Виктор Григорович во 1845 година. Цитирајќи го примерот на Стефан Верковиќ, д-р Константин Робев лично го повикува Кузман Шапкарев да го преземе собирањето на фолклорни материјали.

По неуспехот на Кресненското востание, попознато како Македонско востание, учествувал во познатиот Охридски и Демирхисарскиот заговор. Поради поврзаноста со  заговорот за подигање на востание во Западна Македонија, д-р Робев бил накратко затворен во 1881 година.

Д-р Константин Робев починал во Битола во 1900 година.

 

На прво место

Историја

News image

Како братот на Манданата, Мито, бил избркан од Бугарите во 1941

Како братот на Манданата, Мито, бил избркан од Бугарите во 1941: Што си дошол, ти си се борел за М...

Иселеници

News image

Одржана свечената Академија за Браќата Свети Кирил и Методи во Сиднеј

Одржана свечената Академија за Браќата Свети Кирил и Метод...

Култура и туризам

News image

ВО ЧЕТВРТОК НА 28 МАЈ Е ГОЛЕМИОТ ГОСПОДОВ ПРАЗНИК СПАСОВДЕН. ЗА МНОГУ ГОДИНИ

ВО ЧЕТВРТОК НА 28 МАЈ Е ГОЛЕМИОТ ГОСПОДОВ ПРАЗНИК СПАСОВДЕН. ЗА МНОГУ ГОДИНИ.

Фељтон

News image

БАЛКАНОТ И МАКЕДОНИЈА (22)

ФЛЕГИЈЦИТЕ НА БЕОТИЈА И НА ТЕСАЛИЈА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.