Среда, 05 Февруари 2020    PDF Печати Е-пошта
Александар Ростковски

1111111Александар Ростковски

Александар Аркадјевич Ростковски (18. X 1860 – 8. VIII 1903) е руски конзул во Битола (1895 – 1903). Бил убиен во прусуство на својот пријател К. П. Мисирков од турски стражар (Албанец) за време на илинденските настани во Битола. Првпат со Мисирков се сретнал во Руското географско друштво во Санкт Петербург (18. XII 1897), а потоа во Битола бил како домашен учител на неговите деца (1902/03). Ростковски објавува статистичкоетнографски прегледи за населението во Битолскиот (за 1897) и во Солунскиот вилает (за 1999), во кои Македонците ги третира не според црковната припадност, туку како православни Славјани.

Александар Аркадјевич Ростковски е роден на 18 октомври 1860 година во Одеса. Тој е син на Аркадиј Николаевич (Францевич) Ростковски, полски благородник кој го примил православието и бил офицер на Генерлштабот на руската јужна армија на Крим и Ана Павловна Ростковска, родена Бурачкова. Александар Ростковски завршил класична гимназија во Одеса и Алесндровиот императорски лицеј.

Од 1883 година Ростковски бил вработен во азискиот (подоцна - Првиот) департман на Министерството за надворешни работи.  Дипломатската кариера ја започнува како подсекретар во Кнежеството Бугарија, а подоцна напредувал во секретар и драгоман на генералниот конзулат на Русија во градовите Ерусалим, Јанина и Бејрут (сите овие градови биле во склоп на Отоманската империја).

Својата кариера Александар Ростковски ја продолжил како потсекретар во Софија (1884 - 1885), потоа бил вице-конзул во Бриндизи (1894–1895), за да во 1895 биде назначен за вице-конзул во Битола. Во периодот 1899 до 1901 година го заменувал и рускиот конзул во Скопје, а потоа бил назначен за конзул во Битола, каде останува се до својата смрт.

За време на своето службување во Македонија, Ростковски се обидуваше да му помогне на христиојанското население. Патувал по славјанските села и собираше информации за самоволието на Турците и за злосторствата на Албанците. Тој објавил статистичкоетнографски прегледи за населението во Битолскиот (за 1897) и во Солунскиот вилает (за 1999), во кои Македонците ги третира не според црковната припадност, туку како православни Славјани.

Александар Аркадјевич Ростковски бил пријател со Крсте Петков Мисирков, со кого  првпат се сретнал на 18 декември 1897 година, за време на заедничкиот настап во Руското географско друштво во Санкт Петербург.

По доаѓањето на Ростковски во Битола, во текот на 1902/1903 година, неговиот пријател Мисирков му бил како домашен учител на неговите деца.

Во текот на летниот период рускиот конзул често престојувал во Буковскиот манастир во близина на Битола. Од оваа летна резиденција тој патувал во градот за да ги заврши своите обврски.

Неколку дена по избувнувањето на Илинденското востание, утрото на 8 август 1903 година, Ростковски во тргнал со својот пријател  К. П. Мисирков со кочија кон градот Битола. На влезот од градот биле пречекани од турската стража. Во присуство на возачот на кочијата и Мисирков, турскиот стражар Халим (етнички Албанец) пукал и со два куршуми во стомакот и главата го убил рускиот конзул. Според сведочењето на Крсте Мисирков, како што известува српскиот конзул во Битола - Михаило Ристиќ, иако бил предупреден од рускиот конзул, турскиот стражар не го почитувал странскиот дипломат.

Убиството на Ростковски за малку ќе предизвикала Руско-турска војна. Но, по притисокот на Руската империја врз Цариград, за убиството бил осуден битолскиот валија Али-Риза паша, кој бил осуден на егзил во Либија (тогашната територија на Отоманската империја). Султанот Абдул Хамид Втори телеграфски го замени Али Риза Паша, кој бил наследен од Хусеин Хилим Паша. Исто така, Турците ги ослободиле македонските селани од затворите и се согласиле на присуство на странски офицери во жандармеријата. 

Посмртните останки на Александар Аркадјевич Ростковски на 9 август 1903 година биле донесени во Солун, а од таму со бродот „Терец“ биле пренесени во Одеса. Бродот пристигнал на 13 –ти, а погребот бил извршен на 14-ти август.

Александар Ростковски бил погребан покрај неговиот татко, а на надгробната плоча, која опстанала до денес стои епитаф на кој пишува: „Александар Аркадиевич Ростковски, руски императорски конзул. Тој почина маченички на 26 јули 1903 година во Битола, Македонија “.

По убиството на рускиот конзул, Македонците подигнале дрвен крст на местото каде бил извршен атентатот. Во 1936 година, за време на кралството Југославија, на тоа место битолчани подигнале православен крст од камен, кој подоцна бил уништен за време на комунизмот. Во 2003 година, по повод сто години од неговата смрт, споменикот повторно е изграден од Македонија. Денес, на тоа место се наоѓа деветметарски православен руски крст.

 

На прво место

Историја

News image

Како братот на Манданата, Мито, бил избркан од Бугарите во 1941

Како братот на Манданата, Мито, бил избркан од Бугарите во 1941: Што си дошол, ти си се борел за М...

Иселеници

News image

Одржана свечената Академија за Браќата Свети Кирил и Методи во Сиднеј

Одржана свечената Академија за Браќата Свети Кирил и Метод...

Култура и туризам

News image

ВО ЧЕТВРТОК НА 28 МАЈ Е ГОЛЕМИОТ ГОСПОДОВ ПРАЗНИК СПАСОВДЕН. ЗА МНОГУ ГОДИНИ

ВО ЧЕТВРТОК НА 28 МАЈ Е ГОЛЕМИОТ ГОСПОДОВ ПРАЗНИК СПАСОВДЕН. ЗА МНОГУ ГОДИНИ.

Фељтон

News image

БАЛКАНОТ И МАКЕДОНИЈА (22)

ФЛЕГИЈЦИТЕ НА БЕОТИЈА И НА ТЕСАЛИЈА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.