Среда, 15 Април 2020    PDF Печати Е-пошта
Панајот Божинов

910Панајот Божинов

Панајот Божинов (? - 1913) е македонски револуционер, учител и поет. Учествувал во Илинденското востание и во борбите кај Вишени, на Летничкиот врв, кај Клисура и др. Некои од тие настани ги опеал и во своите песни („Смртта на Лазар Поптрајков“, „Летничкиот врв“). По Востанието работел како учител, но дошол во судир со големобугарски ориентираниот директор на прогимназијата во Костур по македонското национално прашање и емигрирал во Америка. Подоцна пак се вратил во Македонија (1910), но поради неговите македонски национални определби, бил подмолно убиен од грчките власти.

Панајот Божинов е роден во костурското село Апоскеп, Егејскиот дел на Македонија. Ја завршил прогимназијата во Костур и егзархиската духовна семинарија во Цариград. Чуствувал огромна љубов кон татковината и на повик на мајка Македонија се вратил во земјата и зел учествувал во Илинденското востание во Костурско во 1903 година.

За време на Востанието во Костурскиот востанички реон,  Панајот Божинов учествувал во борбите крај Вишени, на Летничкиот врв, кај Клисура и др. Истовремено со револуционерната активност, тој создал повеќе револуционерни песни, во кој ги опеал некои од настаните. Такви се песните „Смртта на Лазар Поптрајков“. „Летничкиот врв“ и др.

По задушувањето на Востанието Панајот Божинов работел како учител, но дошол во судир со големобугарски ориентираниот директор на прогимназијата во Костур по македонското национално прашање. Поради тоа емигрирал во Америка.

Во 1910 година Панајот Божинов се вратил во Македонија, но поради неговите македонски национални определби, постојано бил во судир со преставниците на грчката пропаганда.

Панајот Божинов бил противник на идејата за поделба на Македонија помеѓу соседите и поради тоа по окупацијата на Костур од грчката армија, тој бил подмолно и на свиреп начин убиен од гркофилските елементи во 1913 година.

 

На прво место

News image

Коалициите на СДСМ траат само неколку часа

Коалициите на СДСМ траат само неколку часа се додека тие самите не се демантираат

Историја

News image

Македонија, мојот копнеж – Манојил Мане Јаковлески (65)

На 17 јуни 2018 година е потпишан од шефовите на дипломатии на Грција, Никос Коцијас и Македонија,...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ПРВИОТ БИБЛИСКИ РЕЧНИК НА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК (9)

Во ова продолжение за читателите на порталот „Македонска нација“ ќе претставиме дел од „Библискиот...

Фељтон

News image

БАЛКАНОТ И МАКЕДОНИЈА (32)

ПЕЛАШКО-ЕОЛСКА АТИНА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.