Среда, 29 Април 2020    Печати
Атанас Нивички

atanasАтанас Нивички

Атанас Цонев (1872 – околу 1943) е македонски револуционер, деец на Македонската револуционерна организација. Тој бил доверлив човек на Гоце Делчев, меѓу првите негови јатаци и долгогодишен раководител на пунктот во Нивичино. Во 1901 година учествувал во аферата Мис Стоун, а двете киднапирани жени биле ослободени од него за што тој го добиил прекарот Фратер Атанас. Покрај овој прекар познат е уште како Нивички, Нивичански или Брадата.

Атанас Нивички е роден околу 1872 година во струмичкото планинско село Нивичино, во сиромашно семејство кое се занимавало со сточарство. Немал можност да се школува, но бил самоук. Во 1897 година се вклучил во Македонската револуционерна организација. Зел учество во акцијата за пленување на Назл’м бег. Меѓутоа бил фатен, мачен. жигосан и фрлен од властите во порој за да умре. Меѓутоа, успеал да се освести и да побара помош.

По излекувањето тој станал огорчен противник не само на турските власти, туку и на врховистите. Дејствувал како војвода на селото и целото негово семејство било вклучено во националното ослободително движење. Во своите револуционерни активности, Атанас Нивички ја имал поддршката на својата сопруга Ангелина (Анѓа) и на синот Стојан Цонев.

Атанас Цонев бил водач и здрав столб на Македонската револуционерна организација во струмичко. Тој бил прочуен војвода од село Нивичино, кое за Македонската револуционерна организација бил важен пункт низ кој минувале повеќе канали на Организацијата за пренос на оружје, писма и друго.

Атанас Цонев или Атанас Нивички ги бранел Гоцевите принципи од предавничката политика на врховистите. Кога разбрал дека врховистите тајно испратиле убиец за да изврши атентат врз Гоце Делчев, за да го спречи тоа тој ја подигнал на нозе целата стумичка востаничка милиција 

Во 1901 година Атанас Нивички учествувал во аферата Мис Стоун. Тој бил ангажиран да ги прифати двете жени заедно со бебето во своето село додека траат преговорите. Додека двете жени и бебето престојувале во селото, а потоа засолнати и згрижени во месноста „Орлово Гнездо“, јужно од селото, за нивната безбедност се грижела неговата чета, а со храна ги снабдувале неговата жена и синот.

Откако било договорено предавањето на парите, се претпоставува дека Атанас Нивички добил задача да ги пренесе двете киднапирани жени до селото Градошорци. На 23 февруари 1902 година, во утринските часови, тој ги ослободил оставајќи ги жените и бебето пред селската црква. Учеството во аферата „Мис Стон“ ќе му го донесе и прекарот Фратер Атанас.

Атанас Нивички учествувал во многу битки со турските војски во Струмичко. Тој бил не само доверлив човек на Гоце Делчев, туку и долгогодишен раководител на пунктот во Нивичино.

Михаил Герџиков во свите спомени за Атанас Нивички ќе напише: „ ... Атанас Невичански, има заслуга, бидејќи не пропушти ниту еден врховист кај својот пункт. Тој имаше силно влијание врз селаните; одеше сам, беше умен човек, лукав, итер, но благороден, искрен.“

Аргир Манасиев пак Нивички ќе напише: „Дедо Атанас беше нелегален и постојано се криеше околу неговото село. Било која чета и да поминеше, тој и беше на услуга. Тој се сметаше за доверлив човек на Гоце Делчев и беше меѓу првите негови јатаци.