Среда, 15 Јули 2020    Печати
Иван Чупарев

1c111Иван Чупарев

Иван Чупарев (1880 – 18. VI 1913) е македонски свештеник и револуционер, Деец на Македонската револуционерна организација. Се борел против српската вооружена пропаганда. Постојаните закани од страна на вооружената српска пропаганда не го обесхрабрија поп Иван, кој продолжил со своите активност во корист на македонските национални нтереси. По српската окупација на Македонија, во 1913 бил бил фатен од српските власти, мачен и исечен на парчиња, а неговите остатоци биле фрлени во Вардар. 

Иван (Јован) Аврамов Чупарев е роден во 1880 година во азотното село Папрадиште. Тој потекнува од родот на Чупови, од каде потекнуваат видни дејци на македонското револуционерно движење. Неговите браќа Петар и Ангелко Чупарови биле дејци на Организацијата, а неговиот роднина Димитар Чуповски бил еден од најистакнатите и најдоследните организатори и афирматори на македонската нацинална мисла.

Иван Чупарев станал свештеник на Попрадиште и се придружил на Македонската револуционерна организација. Тој активно учествувал во борбата против српската вооружена пропаганда во Велес и Азот.

Поради неговата активност српскиот војвода Глигор Соколовиќ повеќепати му се заканувал на поп Иван и се обидел да го убие. По неколку неуспешни обиди, во пролетта 1905 година, Соколовиќ нанадејно ја опколил куќата на поп Иван и го фатил.

Бидејќи поп Иван одбивал секаква соработка со српската пропаганда, бол закопан во земја до главата. Но и покрај страшните мачења на кој бил изложен, поп Иван не ја прифатил понудата да стане агент на Белград. Тој дури им порачал дека „во Белград може да ги испратат само неговите коски за да покажат дека е вистински Србин“.

Иако српскиот војвода Глигор Соколовиќ сакал да го убие поп Иван, на молба на локалното население кои стравувале од одмазда на Мијаците од Ореше и Папрадиште, како и од четите на Организацијата, тој подоцна го ослободен. Услов за ослободување на поп Иван бил тој повеќе да не учествува во било какви организациски активности на Македонската револуционерна организација.

Меѓутоа, по враќањето во Папрадиште, поп Чупаров не се одвојувал од пушката и потоа се приклучил на велешката чета на Стефан Димитров, заедно со Арсо Локвички и Нежиловскиот раководител Ѓуро. Во спорот меѓу Димитров и Иван Наумов Алабакот, Чупаров застанал на страната на Стефан Димитров, а по меговата смрт, тој го поддржал новиот реонски војвада Пенју Шиваров. Исто така, поп Иван се спријател и со Алабакот.

Постојаните закани од страна на вооружената српска пропаганда не го обесхрабрија поп Иван, кој продолжил со своите активност во корист на македонските национални нтереси и Македонската револуционерна организација. Тоа ги охраврува Мијаците во овој крај.

Но, на 16 јуни, денот кога Бугарија и Србија започнаа меѓусојузничка војна (Втората балканска војна), српските власти во Велес го апсат Иван Чупаров. По дводневни измичувања, на 18 –ти, тој бил исечен на парчиња и фрлен во реката Вардар. Локалното население ги собира неговите остатоци и ги погребува.