Среда, 26 Август 2020    Печати
Тодор Органџиев

1todor

Тодор Органџиев (1882 – X. 1958) е македонски револуционер, анархист, член на илегалниот кружок на „Гемиџии“. Учествувал во подготовката на Солунските атентати.

Под маската за исполнување на трговските налози на татко му, тој го пренел динамитот од Кочани преку Велес во Солун. За време на Првата светска војна, учествувал во изградбата на железничката теснолинејка од Градско до Прилеп Тодор Органџиев ги одржува односите со Павел Шатев,

Тодор Андреев Органџиев  е роден во 1882 година во градот Велес, во семејството на богатиот трговец Андреј Органџиев. Се образовал во родното место, а потоа во Солунската гимназија. 

Заедно со Јордан Поп Јорданов - Орцето, Константин Кирков, Георги Богданов, Илија Трачков, Владимир Пингов, Илија Попјорданов, Димитар Мечев - Мечето, Алексо Минов и Милан Арсов, тој бил привлечен од Славе Мерџанов, еден од дејците на Македонскиот таен револуционерен комитет, во анархистички кружок што ги подготвувал атентатите во Солун. Повеќето биле интелектуалци, млади луѓе од Велес на возраст од 18 до 22 години. Покрај нив, во Кружокот кој го раководел Јордан Поп Јорданов - Орцето биле и  Павел Шатев од Кратово, Марко Бошнаков од Охрид и други.

Во текот на подготовките за извршувањето на Солунските атентати, под маската за исполнување на трговските налози на татко му, Тодор Органџиев ја извршил својата должност и го пренел динамитот од Кочани преку Велес во Солун.

По Солунските атентати во април 1903 година, Органџиев избегал од Велес во Скопје кај неговиот чичко Лазар, кој бил егзархиски свештеник. Тој потоа му помогнал да се префрли во Бугарија, од каде подоцна заминал за Германија. Тодор Органиџуев заминал во Дрезден, каде што дипломира на Техничкиот универзитет во 1911 година.

На почетокот на Првата балканска војна, Тодор Органџиев бил доброволец и служел во инженерско-техничкиот дел на Македонско-едринското ополчение.

За време на Првата светска војна, Тодор Органџиев учествувал во изградбата на железничката теснолинејка од Градско до Прилеп.


По војната работел како инженер во Софија. Тодор Органџиев ги одржува односите со Павел Шатев, кого го поврзува со комунистите и бил близок пријател на Георги Занков, деец на Македонската револуционерна организација.

Тодор Органџиев починал во Софија во октомври 1958 година.