Среда, 02 Септември 2020    Печати
Асен Ведров

1asenАсен Ведров

Асен Иванов Шурдов (16. VI 1914 - 4. V 1945) е поет, преведувач, новинар. При крајот на октомври 1938 г. во неговиот стан во Софија било одржано Основачкото собрание на Македонскиот литературен кружок. Неговата поезија, меѓудругото с со силна љубов кон поробената и распарчена татковина Македонија. Под литературниот псевдоним Асен Ведров, тој објавувал во весниците: „Жар“, „Младешки преглед“, „Академик“, „Литературен критик“, „Нова камбана“, „Современик“, „Жажда“.

Асен Иванов Шурдов е роден на 16 мај 1914 година во Видин, во многудетно работничко семејство. Во 1934 година тој го завршил средното образование во гимназијата во Видин, а потоа студирал литература на Софискиот универзитет.

Асен Шурдов уште како ученик активно учествувал во работничкото движење и бил избран за член на Централниот комитет на Работничкиот младински сојуз (РМС). По завршувањето на редовната воена служба во 1936 година, тој бил примен на Слободниот универзитет во Софија, каде студирал литература. Меѓутоа поради обвинувањеата дека врши комунистичка пропаганда меѓу студентите, Асен бил избркан во втората година од студиите.

Асен Шурдов Ведров спаѓа во групата на основополжиниците на Македонскиот литературен кружок во Софија. При крајот на октомври 1938 г. во неговиот стан на ул. „Љулин“ бр. 20 во Софија било одржано Основачкото собрание на Македонскиот литературен кружок. По тој повод Ангел Жаров ќе забележи: „Есента 1938 година се собравме на улица „Љулин", во куќата на Асен Ведров (Шурдов) на основачко собрание. Беа присутни околу 12 души, меѓу кои Антон Попов, Никола Вапцаров, Ангел Жаров, Васил Александров, Георги Деспотов, Иван Керезиев, Антон Великов и други. Референт беше Вапцаров.“

Македонскиот литературен кружок во Софија е еден од најзначајните настани од тој период, бидејќи преставува литературно-културен континуиет во развојот на македонската национална свест. Инаку, јадрото на програмски обновениот Македонски литературен кружокот го сочинуваат Никола Вапцаров, Антон Попов, Михаил  Сматракалев (Ангел Жаров), Кирил Николов, Ѓорѓи Абаџиев, Асен Шурдов и др. Подоцна во кружокот беа опфатени уште и македонските поети Коле Неделковски, Венко Марковски и новинарот Митко Зафировски.

Инаку, првите песни Асен Ведров ги објавил уште во 1932 година во јубилејниот зборник на Видинската гимназија. Како студент станал редовен соработник на прогресивните изданија. Под псевдоним Ведров, тој објавувал во весниците: „Жар“, „Младешки преглед“, „Академик“, „Литературен критик“, „Нова камбана“, „Современик“, „Жажда“.  Подготвената стихозбирка за печат била уништена (1939).

Неговата поезија е силен социјален протест против капиталистичкото општество, со верба во посреќната иднина на работниот народ, но и љубов кон поробената и распарчена татковина Македонија.

Во 1944 година бил мобилизиран во Видин и ја продолжил својата политичка агитација меѓу војниците. На 9 септември 1944 година, заедно со тројца војници, тој ја презел околиската управа во градот, а потоа организирал одред со кој учествувал во битките со германските единици на подрачјето на градот Кула. Тој бил унапреден во ранг на народен мајор и бил назначен за воен командант на Видин.

Асен Иванов Шурдов, алијас Асен Ведров починал  во несреќен случај во Дофија на 04 мај 1945 година.