Среда, 30 Септември 2020    PDF Печати Е-пошта
Стојан Мишев

1misevСтојан Мишев

Стојан Мишев (22. Ⅲ 1882 - 30. ⅩⅠⅠ 1924) е македонски револуционер, припадник на ВМРО, на МФРО и на „Здружението против бугарските бандити“. Во периодот од 1905 до 1908 година бил војвода во Штипско. По Првата светска војна бил близок соработник на Тодор Александров и Штипски околиски војвода. Во 1922 ја напуштил ВМРО и стапил во МФРО. Во 1923 се вратил во Вардарскиот дел на Македонија и бил еден од раководителите на Здружението против бугарските бандити во Штип, што се борело против четите на ВМРО во Брегалничкиот округ. Познат е како Анани и како ренегат бил осуден и убиен од ВМРО.

Стојан Мишев е роден на 22 март 1882 година во Штип Тој завршил Педагошко училиште во Скопје и работел како учител. Соученик и близок пријател му бил на Тодор Александров.

Во 1900 година, Стојан Мишев се приклучил на Македонската револуционерна организација и бил избран за член на револуционерниот комитет во градот. Во 1904 година станал комита, најпрво под водство на Мише Развигоров, а во периодот од 1905 до 1908 година бил војвода на Штипско со тројца комити.

На почетокот на јануари 1905 година, како преставник на штипската околија, заедно со Ефрем Чучков, Мише Развигоров и Тодор Аклександров, учествувал ма конгресот на Скопскиот револуционерен округ, што се одржал во кратовското село Кнежево. 

Во есента 1910 година, Стојан Мишев бил уапсен и прогонет во Денизли. Во 1912 година бил амнестиран, по што се населил во Бугарија.

По избувнувањето на Првата балканска војна, Мишев учествувал во војната како доброволец. Прво бил војвода на чета бр 31 на Македонско-идринското ополчение и дејствувал во родниот крај заедно со четата бр 32 на војводата Георги Гочев, а потоа во Транспортот на крана за ополченците.

За време на Првата светска војна тој бил назначен од бугарските власти за окружен началник во Куманово. По војната му бил близок соработник на Тодор Александров и како Штипски војвода му помогнал во обновата на организацијата.

Во 1921 година бил избран за член на раководството на Илинденската организација и го уредувал весникот „Илинден“.


Стојан Мишев се оженил со ќерка на индустријалец од Горна Ораховица. Од овој брак се родиле неколку деца, меѓу кои и Нада, подоцна жена на првиот македонски претседател Киро Глигоров.

Во 1922 година, Стојан Мишев ја напуштил ВМРО Автономистичка и стапил во Македонската федеративна организација (МФРО). Тој застанал на страната на федералистите во таканаречената акција на Неврокоп на ВМРО, но по погромот Мишев успеал да избега во Грција.

По државниот удар на 9 јуни 1923 година и падот на бугарската влада предводена од Александар Стамболиски, Стојан Мишев се вратил во Вардарскиот дел на Македонија. Станал активист и еден од раководителите на паравоеното четничко „Здружение против бугарските бандити“ („Удружење против бугарских бандита“) со седиште во Штип, што се борело против четите на ВМРО во Брегалничкиот округ.

Поради ваквата активност, по наредба на Иван (Ванчо) Михајлов, Стојан Мишев бил осуден на смрт и убиен од ВМРО на 30 декември 1924 година, на прагот на неговата куќа во Штип.

 

 

На прво место

News image

ПРОТЕСТ, утре во 18 часот, од СЦ „Борис Трајковски“ со автомобили до Влада

Христијан Мицкоски: Протест сега, за да не биде предоцна!  

Историја

News image

Извештај за бомбашките напади на Солун во американскиот весник „The St. Louis Republic“ од 9 август 1903 година

„Сцена на улица во Солун веднаш по поставувањето динамит на Отоманската банка. Овој криминал, како п...

Иселеници

News image

ИЗЛЕЗЕ ОД ПЕЧАТ МОНОГРАФИЈАТА „СЕМЕЈСТВОТО ВИДИНОВСКИ“ ОД ТОРОНТО

Во издание на Книгоиздателството „Македонска искра“ од Ско...

Култура и туризам

News image

ОД ИЗРАЗОТ МЕСИЈА – ПОМАЗАНИК – ДО ИЗРАЗОТ МУЗИКА (25)

Во ова продолжение за читателите на порталот „Македонска нација“ ќе ги претставиме имињата, з...

Фељтон

News image

БАЛКАНОТ И МАКЕДОНИЈА (48)

„ЕВГЕНИКА“ ВО СПАРТА

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.