Среда, 04 Ноември 2020    PDF Печати Е-пошта
Ѓорѓи Ацев

1aceЃорѓи Ацев

Ѓорѓи Ацев ( V 1883 –, 25. VI 1906) е учител, македонски револуционер и прилепски војвода. Во 1905 година бил избран за велешки војвода и околу две години водел борба со османлиската војска и жандармерија и со грчките и српските чети. Во судир со српска четничка формација во Велешко, за да на падне жив во нивните раце, се самоубил.

Ѓорѓи Ацев е роден во мај 1883 година во прилепското село Ореовец. Потекнува од револуционерното семејство Ацеви. Тој е брат на Мирче и на Петар Ацев. Неговиот татко Аце Хаџикостадинов бил убиен од помаци кај тиквешкото село Сирково.

Ѓорѓи Ацев завршил Педагошко училиште во Скопје. По дипломирањето учителствувал во Битолско и во Тиквешко (село Страгово).

По убиството на селски шпион во зимата 1904 година заминал во илегала. Станал четник во четата на брат му Петар Ацев.

По заминувањето на Петар Ацев за Бугарија во 1904 година, Ѓорѓи го заменува како војвода на чета, а во 1905 година бил избран за велешки војвода. Околу две години тој водел повеќе борби со османлиската војска и жандармерија, како и со грчките и српските чети.

Во летото 1905 година, во близина на селото Полог, тој ја разбил андартската чета од 25 души, од кои биле 10 Критјани и 15 милиционери од блиските гркомански села, веројатно четата на Петар Сугарев.  Во битката загинал андартскиот војвода и 12 четници, а двајца биле заробени.

Во текот на летото 1906 година Ѓорѓи Ацев бил предаден за време на казнена операција во поречкото село Крапа. Неговата чета била нападната од србоманската чета на Глигор Соколов.

Во престрелка со српските чети во месноста Куртов мост, на планините Даутица, тој бил ранет. За да не биде заробен жив  Ѓорѓи Ацев на 25 јуни 1906 година извршил самоубиство. Војводата Панчо Константинов од Велес и тројца четници исто така биле убиени во битката.

Македонскиот народ на Ѓорѓи Ацев му ја посветил песната:

„Ајде пушката пукна, бре џанам,
Пушка пукна;
Ајде, пушка пукна, бре џанам,
Од Балкана.
Ајде, ми го удри, бе џанам,
Баш јунакот;
Баш јунакот, бре џанам,
Ѓорѓи Ацев.
Ајде, викна јунак, бре џанам,
Та заплака:
- Кој ќе ја носи мојата пушка?
- Нека ја носи брат ми Петре.“

 

На прво место

News image

ПРОТЕСТ, утре во 18 часот, од СЦ „Борис Трајковски“ со автомобили до Влада

Христијан Мицкоски: Протест сега, за да не биде предоцна!  

Историја

News image

Извештај за бомбашките напади на Солун во американскиот весник „The St. Louis Republic“ од 9 август 1903 година

„Сцена на улица во Солун веднаш по поставувањето динамит на Отоманската банка. Овој криминал, како п...

Иселеници

News image

ИЗЛЕЗЕ ОД ПЕЧАТ МОНОГРАФИЈАТА „СЕМЕЈСТВОТО ВИДИНОВСКИ“ ОД ТОРОНТО

Во издание на Книгоиздателството „Македонска искра“ од Ско...

Култура и туризам

News image

ОД ИЗРАЗОТ МЕСИЈА – ПОМАЗАНИК – ДО ИЗРАЗОТ МУЗИКА (25)

Во ова продолжение за читателите на порталот „Македонска нација“ ќе ги претставиме имињата, з...

Фељтон

News image

БАЛКАНОТ И МАКЕДОНИЈА (48)

„ЕВГЕНИКА“ ВО СПАРТА

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.