Среда, 25 Ноември 2020    PDF Печати Е-пошта
Димитар Ангелов - Габерот

Gaberot

Димитар Ангелов – Габерот (14. X  1916 - 10. VI 1943) е македонски деец на комунистичкото движење и еден од организаторите на Народноослободителното движење во Тиквешијата, воен раководител.

Бил член на МК на КПЈ во Кавадарци од 1940 година. По фашистичката окупација бил учител во селата Дабниште и Радња, а во 1942 година преминал во илегала. Наредната година бил политички комесар на Тиквешкиот НОПО „Добри Даскалов“ и на Третата оперативна зона на НОВ и ПОМ . Загинал во поставена заседа од бугарската војска и полиција при преминот на Црна Река. Опеан е во повеќе народни песни.

Димитар Ташов Ангелов познат како Димката Габерот е роден на 14 октомври 1916 година во кавадаречкото село Ваташа, во семејството на Ташо и Ленка Ангелови. Основно образование завршил во родното место,  а трети клас нижа гимназија во Кавадарци. По затварањето на голем број гимназии со Законот за заштита на државата, меѓу кои и гимназијата во Кавадарци, тој го завршил четвртиот клас и малата матура во Прилеп.

Во есента 1930 година, Димитар заминал во Белград, каде го продолжил своето образование на учителската школа. Тој ја завршил учителска школа во Белград, Заечар и Неготин Краина. За време на летниот распуст се дружел со Страшо Пинџур.

По дипломирањето се вратил во родното место и со група истомисленици го основале првото читалиште во Кавадарци во 1935 година. Димитар јавно говорел против власта поради што долго време бил без работа. Во пролетта 1937 година бил обвинет дека е комунист и бил уапсен со поголема група прогресивни луѓе. Одлежал три месеци затвор во Велес.

Во есента 1937 година, Димитар добил работа како учител во селото Дабниште, Но веќе во март 1938 година морал да замине на отслужување на воениот рок во Винковци. По враќањето од војска, заедно со Страшо Понџур и други учествувал во кампањата за Парламентарните избори, во кои д-р Илија Чулев бил избран за народен пратеник во Собранието на предвоена Југославија. 

Димитар Ангелов бил надарен за уметност. Свирел на виолина, танцувал и глумел. Во 1939 година учествувал во подготовката и играл во Цанкаровата драма „Слугата Јернеј и неговото право“, изведена во кафеаната „Балкан“.

Во 1939 година Димитар повторно почнал да работи како учител во селото Радња. Од 1940 бил член на МК на КПЈ во Кавадарци. Неговата позиција како учител ја користел да ги обучува младинците од Бохула, Чемерско и Радња, да ракуваат со оружје.

Во јануари 1941 година, поради неговите активности, бил интерниран во логорот Меѓуречје кај Ивањица. Но, тука останал само три месеци. Поради настаните на 27 март 1941 година, кога е отфрлен пактот со Германија, Димитар и уште триесетмина други биле ослободени на 3 април 1941 година, три дена пред нападот на Германија врз Југославија.

По враќањето во Кавадарци, во средината на мај истата година, по иницијатива на Месниот комитет на КПЈ, бил избран за член на Воениот комитет. Тие имале за задача да собираат оружје, муниција и воен материјал кој останал по капитулацијата на војската на Југославија.  

По фашистичката окупација бил учител во селата Дабниште и Радња, а потоа преминал во илегала во 1942 година.  Во април 1943 година Димитар или Димката Габерот бил избран за политички комесар на Тиквешкиот НОПО „Добри Даскалов“ и на Третата оперативна зона на НОВ и ПОМ. Тој го кординирал и формирањето на гевгелискиот партизански одред „Сава Михајлов“ на падините на планината Кожуф.

Димката Габерот загинал на 10 јуни 1943 година во поставена заседа од бугарската војска и полиција при преминот на Црна Река, кај месноста Клинска Леса, Кавадеречко  

Димката Габерот бил речит, решителен и храбар борец кој имал низа успешни акции со одредот. Поради тоа, тој останал во сеќавање кај населението од Тиквешијата. Иако бил и опеан во повеќе народни песни, Габерот не бил прогласен за народен херој.

 

На прво место

News image

Заев наместо да купи, моли за вакцини

Срамота е што несуден нобеловец и самопрогласен лидер на регионот како Заев да не може да обезбе...

Историја

News image

Словенското писмо го изучив од татко ми Димитрија Македонски, зашто сме Македонци (1846 година)

„Да се знае кога  селаните од моето родно с. Радибуш, Криворечка Паланка, ме главија за учител ...

Иселеници

News image

ДЕМОКРАТИЈА НА АМЕРИКАНСКИ НАЧИН

ДЕМОКРАТИЈА НА АМЕРИКАНСКИ НАЧИН

Култура и туризам

News image

Одење по невестата во Зубовце

Во неделата наутро, младиот девер, со зојачката карта и со тапаните оди да ги покани кумот и старосв...

Фељтон

News image

БАЛКАНОТ И МАКЕДОНИЈА (56)

ЗНАЧЕЊЕ НА ПОИМИТЕ „ХЕЛЕНИЗАМ“ И „МАКЕДОНИЗАМ“

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.