Среда, 06 Октомври 2021    PDF Печати Е-пошта
Киро Атанасовски

1ki1215 Киро Атанасовски

Киро Атанасовски (1923 - 7. IV 1944) е македонски комунист, учесник во НОБ и народен херој. Познат е под псевдонимот Страшо. Бил еден од организаторите на НОАВМ во Тиквешијата: член на МК на КПЈ во Кавадарци, како и борец на Тиквешкиот НОПО „Добри Даскалов“. При илегален престој во Кавадарци со секретарот на ОК на КПМ во Кавадарци Димче Мирчев за прифат на околу 60 нови борци, биле провалени и блокирани од околу 700 бугарски војници, контрачетници и полицајци. По седумчасовна оружена пресметка се самоубиле. Киро бил прогласен е за народен херој на Југославија на 20. XII 1951 г.

Киро Крстев Атанасовски е роден 1923 година во Кавадарци. По основното училиште, завршил три класа на граѓанското училиште. Поради работа во ковачницата на неговиот татко Крсто, тој морал да го прекине образованието. Работел како ковачки работник (налбат) се до пред Втората светска војна.

Киро Налбатот се приклучил на младинското револуционерно движење и во 1940 година станал член на Сојузот на комунистичката младина на Југославија (СКОЈ). Полицијата ја забележала неговата активност и бил уапсен со 17 години, за набрзо да биде ослободен. Веќе во пролетта 1941 година станал член на Комунистичката партија на Југославија (КПЈ).

По окупацијата на Југославија во април 1941 година, Како член на СКОЈ и на КПЈ, Киро станал еден од организаторите на Народноослободителната и антифашистичка војна во Македонија (НОАВМ) во Тиквешијата. Ковачката работилница на неговиот татко служела за одржување на врска со селаните и растурање на илегалниот материјал.

Во 1942 година Киро станал член на Месниот комитет (МК) на КПЈ во Кавадарци. Во текот на 1943 година, бил борец на Тиквешкиот НОПО „Добри Даскалов“, кој функционира од 4.05.1943 до 24.09.1943 година.

Поради успех во организирањето на народноослободително и антифашистичко движење, во 1943 година, Киро станал член на Обласниот комитет на КПМ во Велес. Во почетокот на април 1944 година, под директива на партијата заминал во Кавадарци заедно со Димче Мирчев, секретар на обласниот комитет на КПМ за Кавадарци.

За време на илегалниот престој во Кавадарци, Киро Атанасовски и Димче Мирчев работеле на излаз и прифат на околу 60 нови борци за Втората македонска ударна бригада. Но, вечерта на 7 април 1944 година, во источниот дел од градот биле провалени и блокирани од околу 700 бугарски војници, контрачетници и полицајци.

Киро Атанасовски и Димче Мирчев се судриле со бугарските вооружени сили и по седумчасовна оружена пресметка, откако им привршила муницијата, се самоубиле,

Киро Атанасовски бил прогласен за народен херој на Југославија на 20 декември  1951 година.

Во нивна чест била испеана песната „Димче и Киро Налбатот“

Димче и Киро Налбатот, стурија долу во градот
куќичка една крај паркот, пролетна вечер мирисна.

Загрме, збабна престрелка, го смршти сиот Кавадар
стотина против два мина, одбор на шака јунака.

Цел ноќ во огин пливаја, зверот го смртно биеја,
завет во пламен дадоа, душмански раце сал мртви.

В зори се итро јурнаа, да скршат синџир куршуми,
да летнат в гора зелена, кај својте мили другари.

Киро далеку излезе, од обрач тој се извлече,
го дочу гласот на Димче, па се поврати кај него.

В раце му умре другарот, огин го смртно погоди,
гради му машки пронижа, падна и Киро Налбатот.

Низ град се песна разлеа, во тие гори ридишта,
по тије лозја, ровови, напред во борба неравна.

 

На прво место

News image

СВЕТИ КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ – ЧУДОТВОРЕЦ - 8 XII/25 XI

СВЕТИ КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ – ЧУДОТВОРЕЦ - 8 XII/25 XI

Историја

News image

Автономна Македонија (белградски весник)

АвтономнаМакедониjа (La Macédoine autonome). "Балканотнабалканскитенароди - МакедонијанаМакедонците"...

Иселеници

News image

ПРОМОЦИЈА НА ДЕЛА НА ДУШАН РИСТЕВСКИ - МАКЕДОН ВО ТОРОНТО

Во организација на Литературното друштво „Браќа Миладиновц...

Култура и туризам

News image

Легенди и верувања: Од минатото на селото Арвати

Легендите и митолошките верувања се често застапени сред луѓето кои се интересираат и сакат да знаат...

Фељтон

News image

БИТКАТА КАЈ СУСА И ИДНИТЕ ОСВОЈУВАЊА НА АЛЕКСАНДАР III МАКЕДОНСКИ (ВЕЛИКИ) – ГОСПОДАРОТ НА АЗИЈА (12)

Александар пристигнал во градот Суса на 15 декември 331 година пред Христа и бил п...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.