Среда, 20 Ноември 2024    PDF Печати Е-пошта
Васил Грков

Grkov

Васил Тодоров Грков (1880 - 1962) е македонски револуционер, член на ТМОРО и ВМРО. По Солунските атентати во 1903 г., како Македонец, бил затворен во Бејаз Куле. По ослободувањето станал четник во Кукушката чета. Учествувал во повеќе борби со турскиот аскер и четите на грчката вооружена пропаганда, во периодот од 1903 до 1905 година.

Васил Грков е роден во 1880 година во Кукуш, во семејството Делохаџиеви. Но бил посвоен од Гркови, чии деца починале. Меѓутоа, набргу починале и неговите посвоители, а неговиот вујко го испратил да учи шивачки занает во Солун. Таму живеел со свој сограѓанин и активист на ВМОРО Гоце Чанев и имал прилика да се сретне со Орце Попјорданов, Коце Кирков и Владо Пингов, кои ги подготвувале Солунските атентати.

По нападите во 1903 г., како Македонец, Васил бил затворен во Бејаз Куле. По ослободувањето станал четник во Кукушката чета на Трајко Ѓотов и Гоце Крецовски. По битката кај Кудумарлицката ада во која загинале четворица четници, а знамето било заробено, Грков и уште еден четник при повлекувањето во вечерните часови се одвоиле од другите и стигнале до Ениџевардарско, каде што се приклучиле на четата на Апостол Војвода. Во 1903 година уништиле турска чета од 5 лица во селото Мандалево, Ениџевардарско. Во пролетта 1904 г учествувал во борбата со турската војска кај Ново Село, Ениџевардарско, а есента истата године се борел во месноста Три бари, Корнишорско, Ениџевардарско. По наредба на ЦК во Солун го заробиле воденскиот војвода Георги Тоцев, кој му бил предаден на Даме Груев.

Заедно со Андон Ќосето се префрлил во Гевгелиско. По заминувањето на Ќосето за Бугарија, Грков останал кај војводата Леонид Мачуковски и се борел со грчките андарти, кои дејствувале во координација со Турците. Пролетта 1905 година во Гевгелиско пристигнал Аргир Манасиев. Четата на Манасиев од Грчиште била префрлена во Смол, каде била опколена со војска од Гевгелија. Одредот се затворил во црквата и се борел во еднодневна битка. Вечерта успеале да излезат од црквата и само со еден ранет четник да го пробијат обрачот и се упатиле кон Кукушкиот крај кај Трајко Ѓотов. При едно излегување со чамец од Аријанско Езеро, паднале во турска заседа и тројца од шесте четници биле ранети, меѓу кои и Војводата Ѓотов. Следната 1906 година Ѓотов бил принуден да оди на лекување во Бугарија, а со него отишол и Грков.

По Младотурската револуција од јули 1908 година, Грков се вратил во Македонија и се населил во Солун,  каде што работел како моден кројач. Во Солун се оженил со Гркинка, ќерка на лекар. Во 1913 година успеал да побегне во Бугарија од прогонот на новите грчки власти, но потоа се вратил. По влегувањето на Бугарија во Првата светска војна, тој бил уапсен од грчката полиција, а потоа бил предаден на француските војници во градот, кои го испратиле во затвор во Франција, каде што останал до крајот на Првата светска војна во 1918 година.

Потоа, Грков живеел со семејството во Солун до 1928 година, по што емигрирал во Бугарија и се населил во Пловдив. Но поради конфликт со ВМРО, тие емигрирале во Париз, каде Грков отворил сопствено ателје. Во почетокот на 1940-тите се вратиле во Бугарија и се населиле во Горна Џумаја. За време на Втората светска војна живеел во Сер, а потоа повторно живеел Горна Џумаја. Откако за време на војната загинал неговиот единствен син, во 1947 година  посвоил осугодишно девојче, сираче од Виница.

Васил Грков починал во 1962 година во Благоевград.

1Tiho3 copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

Подготвил: Т.К.

 

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Иселеници

News image

ОД ПРЕСПА ПРЕКУ БИТОЛА ДО ЛЕРИН ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

Фељтон

News image

СТИВ ПЉАКАС – ПРОМОТОР НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (2)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.