Среда, 04 Декември 2024    PDF Печати Е-пошта
Атина Бојаџи

Atina

Атина Бојаџи (11. III 1944 – 28. XII 2010) е македонска и југословенска маратонска пливачка. Таа веќе на 11-годишна возраст успеала да ги собори сите југословенски рекорди во слободно пливање на кратки патеки и делфин. До 1970 година успешно учествувала на повеќе маратони, а во 1969 година го препливала каналот Ла Манш за 13 часа и 20 минути.

Атина Бојаџи е тодена на 11 март 1944 година во Охрид, во семејна куќа покрај езерото. Во родното место завршила основно и гимназија. Завршила Виша тренерска школа во Нови Сад во 1968 година и Виша педагошка школа во Белград во 1972 година.

Од мали нозе тренирала пливање. Била член на ПВД „Охридски бранови“ во Охрид. Таа веќе на 11-годишна возраст успеала да ги собори сите југословенски рекорди во слободно пливање на кратки патеки и делфин. Била првенка на Македонија во 13 дисциплини во пливање на куси патеки, со 8 републички рекорди. Таа бил избрана за најдобар спортист на Македонија во 1962 и 1963 година.

Атина учествувала и на врвни светски натпреварувања во маратонско пливање на кои освоила 3 први места, на Охридското Езеро, 36 км во 1962 и 1966 година и од Капри до Неапол, 33 км во 1963 година. Двапати била втора на маратонот од Капри до Неапол во 1966 и 1968 година. Била прва и на силните меѓународни маратони Саида–Бејрут 40 км (Либан, 1962) и Кабрет–Исмаилија 60 км (Египет, 1963). До 1970 година успешно учествувала и на други маратони.

На најтешкиот Бејрутски маратон, Атина направила вистински подвиг, кога од 23 натпреварувачи на целта стигнала само таа и уште еден пливач од Египет. За овој подвиг претседателот на Либан и доделил орден за храброст. 

Сепак својот најголем подвиг „охридскиот делфин“, како ја нарекуваат Атина, го постигнала на 9 септември 1969 година, кога го препливала каналот Ла Манш на точка каде што каналот е широк 34 километри. Таа го преплива Ла Манш за 13 часа и 20 минути. По Македонецот Нико Нестор кој десет години пред неа го препривал каналот (9 септември 1959 г.), таа бил првата Македонка и прва пливачка од Југославија која го постигнала овој успех.

Во 1977 година, во чест на овој подвиг, бил снимен филмот „Исправи се Делфина“ на Александар Ѓурчинов, во кој главма улога ихра Неда Арнериќ. Бојаџи била еден од соработниците на филмот.

По активна пливачка кариера Атина се посветика на тренерството, најпрвин во белградска Црвена звезда, а потоа и во САД во спортски центар во Лос Анџелес, Калифорнија.

Во 1991 година се вратила во Сараево, за да стане селектор на Босанската пливачка репрезентација и главен тренер на пливачкиот клуб „Босна“. Таму ја затекнала војната. Во 1994 година успела да се извлече од графот и се вратила во Македонија. По враќањето била вклучена во организационите тела на Охридскиот пливачки маратон.

Во јануари 1998 година, Македонскиот олимписки комитет и ја додели на Атина Бојаџа признанието за Великан на македонскиот спорт, а во 2000 година дневниот весник Утрински весник ја прогласи за спортистка на векот.

Атина Бојаџи после кратка боледување починала во Скопје на 28 декември 2010 година.

1Tiho3 copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

подготвил: Т.К.

 

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Иселеници

News image

ОД ПРЕСПА ПРЕКУ БИТОЛА ДО ЛЕРИН ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

Фељтон

News image

СТИВ ПЉАКАС – ПРОМОТОР НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (2)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.