Среда, 24 Септември 2025    Печати
Зафир Ѓорчев Белев

333335

Зафир Ѓорчев Белев (1845 – 1907) е македонски деец и преродбеник, учесник во Охридскиот заговор и автор на автобиографски запис на македонски јазик со грчкото писмо „Запис за таксиратот и маката“.

Зафир Ѓорчев Белев е роден во 1845 година во Охрид. Зема учество во црковно просветните борби. Член на Општинскиот совет. Поради неговата дејност бил осуден на шестмесечен затвор во 1871 година.

Година и пол престојувал во Русија, а по враќањето работел во родниот град како кафеџија.

По неуспехот на Македонското (Кресненско) востание (1878/1879 г.), Зафир Белев учествувал во Охридскиот заговор (1880 г.). Како член на охридската заговорничка група, бил еден од составувачите и доставувачите на една петиција на која имало 24 печати од околните села, што му била предадена на рускиот конзул во Битола во 1880 година, во која барале да ги добијат очекуваните пушки.

Поради ваквата активност Зафир Белев, Златан Бојкикев , Коста Лимончев и Христо Попов биле осудени на доживотен затвор, други биле осудени на 5 години затвор, а Константин Робев, Јане Атанасов, Христо Бојукли и Атанас Блажев беа прогласени за невини.

По три и полгодишен престој во Битолскиот затвор, Зафир Белев бил испратен на заточение во Пеас- Кале, но бил амнестиран и се прибрал во Софија во 1894 година.

По враќањето од заточение напишал незавршен мемоарско- литературен текст на македонски јазик со грчкото писмо „Запис за таксиратот и маката“.

Зафир Белев починал во 1907 година, во Софиското село Костенец.

Tiho copy copy copy copy

Подготвил: Т.К.