Среда, 01 Октомври 2025    Печати
Григор Манасиев

Manasiev

Григор Манасиев (? – 25. IX 1903) е македонски просветен деец и револуционер, војвода на Македонската револуционерна организација. Манасиев бил назначен за кратовски окружен војвода. На 25 септември, во близина на кратовското село Луково во битка со 7.000 турски аскер и башибозук  Григор Манасиев бил тешко ранет и извршил самоубиство.

Григор Манасиев е роден во градот Кратово. Дипломирал на Ќустендилското педагошко училиште, каде што бил член на Македонското младинско друштво. Подоцна станал учител во Кратово.

Тој се приклучил на Македонската револуционерна организација и го предводел Кратовскиот околиски револуционерен комитет. Активно учествувал во одржувањето на револуционерниот канал Ќустендил - Македонија.

Во 1897 година, по Виничката афера за транспорт на нелегална литература, бил уапсен од отоманските власти и сурово мачен. Бил во приштинскиот затвор до 1901 година. По ослободувањето од затвор, повторно станал учител во Кратово.

Во 1903 година, во Софија, заедно со Иван Топчев од Велес, организирале и предводеле чета, која на почетокот на септември заминала за Македонија заедно со четата на Никола Дечев и четата на Атанас Мурџев и Тома Пожарлиев. Манасиев бил назначен за кратовски окружен војвода.

На 25 септември, трите чети кои броеле 152 лица, биле опколени во близина на кратовското село Луково од 7.000  турски аскер и башибозук. По 10-часовна битка, четите се повлекле, но војводите Иван Топчев и Никола Дечев биле убиени. Григор Манасиев бил тешко ранет и извршил самоубиство.

Tiho copy copy copy copy copy

Подготвил:Т.К.