|
||
Димче Зографски |
Димче Зографски (27. Ⅹ 1898 – 3. Ⅵ 1985) е македонски општественик, комунист и активист на ВМРО(Обединета). Бил член на БКМС, на КПЈ и на ВМРО Обединета. За време на Втората светсска војна бил член на АНОК. Во 1944 година бил интерниран во Горна Џумаја, а по враќањето станал член на ИО на илегалниот Градски НОО на Скопје и член на АСНОМ. По Ослободуванјето бил претседател на Градскиот народен одбор на Скопје (1945-1947), министер за шумарство, за народно здравје и социјална политика и републички пратеник. Димче Зографски е роден на 27 октомври 1898 година во градот Велес. Во 1919 година, се приклучил на Комунистичката младина на Бугарија (БКМС), а следната година станал член на Комунистичката партија на Југославија (КПЈ). Од 1923 година, бил секретар на Месниот комитет на КПЈ за Штип. Помеѓу 1926 и 1927 година, бил член на член на Обласниот комитет на ПК на КПЈ за Македонија. Поради неговите комунистички активности, Зографски бил уапсен (1927-1932). Подоцна, бил член на Регионалниот комитет на ВМРО Обединета. Во времето на Народноослободителната и антифашистичка војна на македонскиот народ (НОАВМ), Зографски бил член на Акционен народноослободителен комитет на Македонија (АНОК), формиран есента 1943 година. Во 1944 година бил интерниран во Горна Џумаја, а по враќањето бил член на Извршниот одбор на илегалниот Градски НОО на Скопје и член на АСНОМ. По Ослободуванјето, Димче Зографски бил претседател на Градскиот народен одбор на Скопје од 1945 до 1947 година, потоа министер за шумарство, за народно здравје и социјална политика и републички пратеник. Димче Зографски починал на 3 јуни 1985 година во Скопје. Подготвил: Т.К. |