Среда, 29 Октомври 2025    Печати
Кирил Дојчиновски

Kiril

Кирил Дојчиновски (17. X  1943 – 10. VIII 2022) е еден од најдобрите македонски фудбалери. Тој ќе остане запишан како првиот Македонец кој учествувал на едно светско првенство, откако бил во составот на Југославија на Мундијалот во Западна Германија во 1974 година. Вкупно забележал шест настапи во репрезентативниот дрес.

Кирил Дојчиновски е роден во Скопје на 17 октомври 1943 година во Скопје. Почнал да игра фудбал за „Вардар“ од Скопје. Дебитирал за првиот тим во сезоната 1963/64. Играл за „Вардар“ до јуни 1967 година, играјќи вкупно 106 лигашки натпревари.

Во 1967 година, Дојчиновски се преселил во „Црвена Звезда“, за која првпат настапил на 22 јули 1967 година. До 14 мај 1974 година, одиграл вкупно 420 натпревари (од кои 189 биле лигашки натпревари) и постигнал 11 гола. Со „Црвена Звезда“ освоил четири титули во шампионатот на Југославија (1967/68, 1968/69, 1969/70 и 1972/73) и два трофеи во Купот на Југославија (1968 и 1970).

Својата фудбалска кариера Дојчиновски ја продолжил во Франција, каде играл за Троа (1974–1975) и Париз (1975–1977), каде и ја завршил својата кариера.

Во текот на својата играчка кариера одиграл три натпревари за младинската фудбалска репрезентација на Југославија, потоа играл три натпревари за југословенската „Б“ фудбалска репрезентација и одиграл шест натпревари за сениорската репрезентација на Југославија.

Од 1970 до 1974 година Дојчиновски бил стандарден член на репрезентацијата на СФР Југославија, а ќе остане запаметен и како првиот Македонец што настапил на едно светско фудбалско првенство, на Мундијалот во Западна Германија во 1974 година, но не одиграл ниту еден натпревар.

По завршувањето на професионалната кариера, тој работел како тренер. Како тренер бил двократен шампион на Ел Салвадор со Луис Фирпо, и селектор на репрезентацијата на Ел Салвадор. Исто така, предводел и бројни македонски екипи како ФК Вардар, ФК Пелистер, ФК. Македонија ЃП, ФК Брегалница од Штоп и ФК Брегалница од Делчево.

Дојчиновски е носител и на бројни индивидуални признанија меѓу кои е и наградата за животно дело од Македонскиот олимписки комитет (МОК).

Кирил Дојчиновски починал на 10 август 2022 година.

1d-Tiho

T.K