Среда, 19 Ноември 2025    Печати
Атанас Градоборлијата

Atanas

Атанас Градоборлијата

Атанас Димитров Чопков (1860 – 24. V 1903) e македонски револуционер, деец, член и војвода на Македонската револуционерна организација. Познат како Чопка и Градоборлијата, загинал со целиот свој одред од 15 луѓе во близина на неговото родно село. Бил отруен од Грци.

Атанас Градоборлијата е роден во 1860 година во македонското село Градобор во близина на Солун, Егејскиот дел на Македонија.

Тој бил меѓу старите арамии, како Иванчо Карасулиата, Илија Крчовалијата, Апостол Петков и други, на кои Гоце Делчев се потпирал во првите години од зајакнувањето на Македонската револуционерна организација.

Градоборлијата бил курир, член на тајната полиција и терорист на организацијата. Во 1895 година, бил уапсен од отоманските власти и затворен во Кулата Канл во Солун, меѓутоа по шест месеци успеал да избега.

Од 1898 година бил во четата на Михаил Апостолов во Гевгелиско, а подоцна станал независен војвода во неговиот роден Солунски округ. Во 1898 година дејствувал заедно со Дончо Златков во Пирин, а во 1902 година со Алексо Поројлијата и Иванчо Карасулијата.

Атанас Градоборлијата загинал со целиот свој одред, вкупно 15 луѓе, во мај 1903 година во близина на неговото родно село, отруен од Грци.

1d-Tiho copy copy copy

Подготвил: Т.К.