Македонски легенди
Среда, 04 Август 2010 03:00    PDF Печати Е-пошта
Питу Гули
pitu_guliРоден е во 1868 година во Крушево,во нерамноправна, но херојска борба, на 13 август 1903 година, бранејќи го Крушево и легендарната Крушевска Република, загинал заедно со борците од својот одред.

Во македонската историја се споменуваат низа светли ликови на револуционери и видни граѓани кои учествуваа во подготовките и дигањето на Иленденското востание, во раководењето со востаниците, како и во одбраната на Крушевската Република. Помеѓу сите тие светли ликови на бестрашни бранители во одбраната на Крушевската Република, се издвојува личност која со своето јунаштво ќе се издигне над сите, а кој народот во своите песни ќе го овековечи за век и веков.
Повеќе...
 
Среда, 28 Јули 2010 03:05    PDF Печати Е-пошта
Стале Попов
stale-popov(25 мај 1902 - 10 март 1965)

Стале Попов е македонски раскажувач и романсиер. Роден е во селото Мелница, Мариово. Произлегува од селска средина. Неговите стари, по традиција, биле земјоделци, но меѓу нив имало и школувани. Уште како дете бил сведок на тешкиот живот на своите соселани, кои живееле ропски живот под турските аги и бегови како обесправена раја. Неговите биле малку поимотни и културно поиздигнати, зашто од нив имало и свештеници. Основно образование завршил во с. Витолиште (Мариовско). Започнал да учи гимназија во Прилеп, а завршил богословија во Битола и Теолошки факултет во Белград. Сепак, тој никогаш не се запопил, а пред Втората светска војна работел како земјоделец, дрвар, овчар, трговец, бакал, службеник во тогашната Народна скупштина, општински чиновник, шумар, тутунски работник.
Повеќе...
 
Среда, 21 Јули 2010 03:00    PDF Печати Е-пошта
Павел Шатев
Pavel_Shatev(Роден е во Кратово, 15 јуни 1882 г. - починал во Битола, 30 јануари 1951 г.)

Основното училиште го завршува во родниот град, а потоа се запишува во прогимназијата во Скопје. Натаму, во 1896 година своето образование го продолжува во Солунската бугарска машка гимназија, каде во 1900 година успешно матурира.
Повеќе...
 
Среда, 14 Јули 2010 03:56    PDF Печати Е-пошта
Марко Костов Цепенков
MarkoCepenkovРоден во с. Ореовец- Прилепско на 7 ноември 1829 умира во  Софија, 29 декември 1920

Марко Костов Цепенков е најголем собирач на македонски народни умотворби, кои имаат непроценливо значење за македонската фолклористика, за етнографијата, за лингвистиката, за националната историја, за правото и за моралот на Македонците.
Повеќе...
 
Среда, 07 Јули 2010 03:00    PDF Печати Е-пошта
Круме Кепески
krume-kepeskiКруме Кепески (Прилеп, 8 април 1909 - 3 ноември 1988), македонски педагог, лингвист, преведувач, собирач на македонски народни умотворби, граматичар, автор на првата Македонска граматика, објавена во 1946 година, коавтор (со Шаип Јусуф) на првата Ромска граматика, објавена во 1980 година, на збирката анегдоти, хуморески и легенди „Островот бил парче земја фрлен во вода“, објавена во 1993 година и на други дела.
Повеќе...
 
Среда, 30 Јуни 2010 03:00    PDF Печати Е-пошта
Ѓорѓија Пулевски
Georgi_Pulevski240Ѓорѓија Пулевски или Ѓорѓи Пулевски (1817, Галичник – 13 февруари 1893, Софија) бил македонски писател на кратки дела, лексикограф, историчар и воен водач.
Повеќе...
 
Среда, 23 Јуни 2010 03:00    PDF Печати Е-пошта
Крсте Петков Мисирков

krste-petkov-misirkov-200Македонски филолог, кодификатор на македонскиот литературен јазик и правопис, историчар, етнограф, аналитичар на национално-политичките проблеми, публицист, идеолог за единство на македонскиот народ со интелегенцијата, а воедно и за единство со комитетот, од што произлегла самостојноста на Македонија, собирач и проучувач на македонското народно творештво.

Д-р Крсте Петков Мисирков роден на 18 ноември 1874 во Постол, Егејска Македонија а умрел на 26 јули 1926 во Софија.

Тој е и автор на првото списание на современ македонски јазик, основоположник и активен учесник во македонските научно-литературни и национално-политички друштва во Белград, Санкт Петерсбург, Одеса и Софија, раководител на ТМОК и личност на македонскиот 20 век.

Мисирков е автор на книгата „За македонцките работи“, списанието „Вардар“ и голем број на научни статии објавени во различни весници. Покрај авторската дејност тој се занимавал и со превод на литературни дела и собирање на народни творби.

Селото Постол - Ениџевардарско каде е роден Крсте Петков Мисирков се наоѓа во Егејска Македонија, недалеку од древната македонска престолнина Пела. Шест одделенија основно училиште завршил во родното место, слушајќи настава на грчки јазик и на таков начин го совладал туѓиот, наметнат јазик. Лошата материјална сoстојба на неговото семејство не му дозволила да го продолжи веднаш неговото образование. По неколкугодишна пауза, Мисирков се здобил со стипендија од српското друштво „Свети Сава“. Тоа биле првите закани за навлегување и на српската пропаганда во Македонија, преку инсталирање на разни стипендии за едуцирање на т.н. свој кадар како што веќе правеле грчката и бугарската пропаганда во Македонија.

Користејќи ја извесно време оваа стипендија, Крсте Петков Мисирков сфатил многу добро дека српската буржуазија ја започнала својата грда игра. Чувствувајќи ја денационализаторската политика, изразена преку дејноста на друштвото „Свети Сава“, Крсте Мисирков учествувал во немирите што ги пројавиле македонските стипендисти. Потоа со неколкумина свои едномисленици избегал од Белград во Софија. Тоа што го дочекало во Бугарија, речиси, по ништо не се разликувало од почувствуваниот режим во Србија. За да го продолжат понормално своето образование во Софија, македонските студенти морале да се пишат како бугари за да не би биле малтретирани. Мисирков не го прифатил тоа. Тој повторно пребегнал во Србија, за да запише трет клас, но сепак тоа не му успеало. Во Белград, сакал или несакал, се запишал со прва година како семинарист на богословско-учителската школа, која имала своја посебна цел и тоа: македонските ученици да ги подготвува за српски свештеници и учители кои подоцна би се вклучиле на македонски терен за да го пропагираат српството. Овојпат македонските ученици го искажале своето незадоволство: тие кренале бунт, по кој училиштето било затворено, а македонските ученици биле испратени во внатрешноста на Србија. Така Мисирков се нашол во Шабац, каде завршил четврти клас гимназија.

Крсте Петков Mисирков, иако ја завршил гимназијата, сепак се решил повторно да се запише во друго средно училиште: белградската учителска школа, која целосно ја завршил во 1895 година. Во ова училиште Мисирков основал ученичка дружина и ја нарекол „Вардар“, со своја програма која членовите на дружината Неговите членови да се запознаат и да си изработат една програма, која ќе ја пропагираат во Македонја тајно од србската пропаганда. Членовите на дружината во извесна смисла ја продолжиле идејата на т.н. „Лозари“. Тоа за Мисирков претставувало почеток на организирана национално-политичка активност која ќе продолжи околу 30 години.

Дипломата на Мисирков од Петроградскиот Универзитет
Дипломата на Мисирков од Петроградскиот Универзитет
По завршувањето на учителската школа Мисирков се здобил со служба во Приштина. Но, наместо да се појави на своето работно место, Мисирков тајно се префрлил во Одеса. Таму не му го прифатиле и признале образованието. Така, Мисирков бил принуден да се запише во духовна семинарија во Полтава и дури по две години да започне со студирањето: отпрвин на медицинскиот факултет во Петродонски Словен. Вклучувајќи се во птероградската студентска средина, Мисирков станал многу активен. Меѓу другото, напишал и еден реферат под наслов За значењето на моравското или ресавското наречје за современата и историската етнографија на Балканскиот Полуостров, што го прочитал пред членовите на Имераторското руско географско друштво, а го објавил и во списанието „Живија старина“.

Во екот на најголемата борба за превласт на пропагандите во Македонија, Мисирков се вратил во својата Mакедонија, во родното село Постол. Тогаш и се запознал потемелно со македонското револуционерно движење. Во исто време собрал богат фолклорен и етнографско-топографски материјал што подоцна го објавил во своето списание „Вардар“.

При следното доаѓање во Петроград Мисирков станал член на Бугарското студентско друштво и со неколкумина истомисленици го основал Тајниот македонско-одрински комитет. Меѓутоа, Русија се наоѓала во еден предреволуционерен период и руската влада го затворила Петроградскиот универзитет. Поради тоа на Мисирков не му останало ништо друго, а и здравствено се почувствувал лошо, па заминал во Одеса. Од тоа време датира студијата кон прашањето за народноста и причината за популарноста на македонскиот крал Марко, што била неговата дипломска работа. Во 1902 година, Мисирков го завршил факултетот во Петроград.
Во истата таа година, било основано и Македонското студентско другарство во руската престолнина. Во организирањето на ова друштво значаен придонес дал и самиот Мисирков. Само една година подоцна ова научно-литературно другарство било преименувано и оттогаш дејствувало како Македонско научно-литературно друштво „Свети Климент“ . Членовите на ова другарство испраќале од своите редовни седници барања пред се до руската влада , па и до владите на другите европски држави , да се признае правото на македонскиот народ на самостојност, да му се признае правото на литературен јазик, правото за обновување на Охридската архиепископија.

„За македонцките работи“

Оглас за печатење на книгата „За македонцките работи“
Оглас за печатење на книгата „За македонцките работи“

Најзначајно дело напишано од раката на Крсте Петков Мисирков е книгата „За македонцките работи“ објавена во Софија во 1903 година. Во таа книга Мисирков ја обработува положбата на македонскиот народ, актуелната тогашна политичка и етнографска состојба на Македонија и пошироко. Најзначаен дел е последната глава од книгата наречена „Неколку зборои за македонцкиіот литературен іазик“ во кој јасно Мисрков дава предлог за оформување на литературен стандарден македонски јазик базирн врз централните говори. Од поголемо значење е и тоа што Мисирков користи азбука што е база за денешната македонска кирилична азбука.

„За македонцките работи“, издадена 1903 година во Софија
„За македонцките работи“, издадена 1903 година во Софија
Книгата „За македонцките работи“ била испечатена во 1903 година во Софија, тогашно Кнежество Бугарија, и била печатена во т.н. „Либерален клуб“. Самата книга има над 120 страници и поделена на пет дела и предговор. Четири од петте поглавја се всушност и говори кои Мисирков ги читал на состаноците на македонскиот литературен кружок во Русија. Поглавјата на книгата се:

Сите делови, со исклучок на предговорот и последните две глави, биле прочитани пред македонското друштво „Свети Климент“ во Русија. Така, втората глава од книгата била прочитана на 21 септември на 1-та седница на петроградското Македонско научно-литературно другарство „Св. Климент“, третата глава била прочитана на втората седница и четвртата глава била прочитана на третата седница на друштвото.

Значењето на книгата „За Македонцките работи“

Остварување на идејата за одделен македонски јазик е објавувањето на книгата „За македонцките работи“ (во Софија, 1903) од Крсте Петков Мисирков. Книгата на Мисирков е политичка анализа на положбата на македонскиот народ и предлог-програма за македонското народноослободително движење. Истовремено, таа ја разоткрива асимилаторската политика на соседните земји насочена против македонскиот народ и против македонскиот јазичен, културен и етнички идентитет.
 
Среда, 16 Јуни 2010 03:36    PDF Печати Е-пошта
Славка Манева
slavka-manevaЕтиката што авторите ја создаваат преку своите дела е многу битна во развојот на децата и затоа тие треба да внимаваат за што пишуваат. Но, не можеме да развиваме етика кај децата, ако не издаваме книги - Славка Манева.

....Кој ли само  не ја прочитал сказната за девојчето и дванаесетте месеци. Ако сте ја заборавиле ќе ве потсетиме. Девојчето имало лоша маќеа и еднаш таа го испратила ноќе во гората да донесе вода од некој студен кладенец. Девојчето пошло со стомнето расплакано и исплашено. Се обѕирало на сите страни, зашто му се причинувало дека зад некое дрво го демне некое животно или некоја горска вештица. Солзи му течеле по образите, а во грлото имало едно грутче што не можело никако да го проголта...
Повеќе...
 
Среда, 09 Јуни 2010 03:00    PDF Печати Е-пошта
Владислав Ковачев

vladislav-kovacev- “Пет минути од деноноќието и посветувам на маченицата Македонија, за да се соочам со мојата Македонска свест и да се уверам дека не е ништо она што досега сум го сторил за нea. Ја сакам Македонија повеќе од се друго на светот“


- “А ако наспроти нашите очекувања, македонското прашање не биде решено, ние ќе најдеме сила и верба само во нашата еднодушност, за да ја продолжиме повторно борбата за извојување човечки правдини, какви што може да ни ги гарантира само една самостојна Македонија“.

Неговиот лик и дело неспомнувани, незнаени, неправедно заборавени и запоставени од Македонската историска наука. Има ли зошто?  

Кој е Владислав Ковачев?

Повеќе...
 
Среда, 02 Јуни 2010 03:00    PDF Печати Е-пошта
Дарко Дамески
darko-dameskiЕден од најистакнатите Македонски театарски, филмски и телевизиски актери- Дарко Дамески (Прилеп, 12 мај 1932 - Скопје, 12 декември 1983).
Во 1952 година ја заврши Државната средна театарска школа во Скопје. Беше член на Драмскиот ансамбл на Македонскиот народен театар во Скопје.
Во 1964 година, Дамески стана член на Драмскиот театар на чија сцена оствари четириесетина ликови во кои дојде од израз приврзаноста кон театарската уметност.

Во историјата на македонскиот филм неговото име е забележано уште во самите почетоци во „Волчја ноќ “, а потоа следуваат уште триесетина главни улоги, речиси во сите македонски филмови. Ликот на Дарко Дамески беше присутен и на малиот екран, почнувајќи од првите ТВ драми на ТВ Скопје, до речиси сите телевизиски серии и други позначајни емисии и проекти.

Последните години од животот ги посвети на монодрамата преку која остваруваше најширок контакт со публиката.
Повеќе...
 


JPAGE_CURRENT_OF_TOTAL

На прво место

News image

Панихида за Тодорче Радевски во с.Велмевеци

На 21 јануар-недела во 11 часот во с. Велмевци-Кичевско, ќе се одржи панихида за Тодор Радевски позн...

Историја

News image

ПРОБЛЕМОТ НА ЈАЗИКОТ НА МАКЕДОНЦИТЕ ВО ТРУДОВИТЕ НА РАНАТА ГЕРМАНСКА МАКЕДОНИСТИКА

„Во македонската држава како службен јазик се заведуе народниот македонски јазик“ гласи едната речен...

Иселеници

News image

На незаборавните Нијагарски водопади (4)

Од Торонто се упативме за Хамилтон, градот што е сместен н...

Култура и туризам

News image

Мариово - „Мирна земја" (1)

Георги Траjчев Георгимаjков (Прилеп, 1869 – Софија, 1945) е просветител, фотограф и револуционер, де...

Фељтон

News image

Александар Македонски (15)

Иако Филип Втори Македонски остана навреден од атинската помош на Византиум, сепак и...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.