Македонски легенди
Среда, 10 Август 2016 03:14    PDF Печати Е-пошта
Никола Казанџиев

Prez golgota-180Никола Казанџиев (23. III 1879 - 19. III 1971) е македонски револуционер, публицист и национален политички деец. Во 1899 година стапил во редовите на Македонската револуционерна организација и активно учествувал во Илинденското востание. Во 1905 година заминал во Аргентина, каде го основал Македонско-одринското братство и бил негов претседател (1907–1908). Во 1924 година, формирал Македонско-бугарска комунистичка група од иселениците од Македонија и Бугарија. Имал свој весник “Народна трибуна“ во Буенос Аирес (1936- 1939), а учествувал и во основањето на Македонскиот комитет за помош на антифашистичките движења (1941).

Повеќе...
 
Среда, 03 Август 2016 03:00    PDF Печати Е-пошта
Ванчо Србаков

Vancho Sarbaka-180Ванчо Србаков (XIX век – 24. IV 1905) е македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, член и војвода на Македонската револуционерна организација.  Активно учествува во подготовките и за време на Илинденското востание. Се бори против српската пропаганда во Поречието и Кичевско. Две години по Илинденското востание, загинува јуначки при обид да го пробие обрачот на турскиот аскер кај кичевското село Цер.

Повеќе...
 
Среда, 27 Јули 2016 03:12    PDF Печати Е-пошта
Ставре Гогов- (Ставре Војвода)

stavre-gogov-180Ставре Гогов (1884 – 10. IV 1907) е македонски револуционер, член и војвода на Македонското револуционерно движење. Во 1901 година бил четник во четата на војводата Тале Горанов. Во Илинденското востание се борел во четата на војводата Лука Групчев, а од летото 1904 година станал самостоен војвода. Предаден и заобиколен од аскерот, откако му завршила муницијата, се самоубил. Македонскиот народ не останал равнодушен кон загинувањето на „младиот спасител на Македонија“ и ќе го овековечат во народните песни.

Повеќе...
 
Среда, 20 Јули 2016 03:00    PDF Печати Е-пошта
Христо Цветков

hristo-cvetkov-180Христо П. Цветков (1877 - 1934) е македонски револуционер, деец на Македонската револуционерна организација. Во 1903 година учествува во Илинденското востание, а по задушување на востанието се бори против вооружената грчка пропаганда во Македонија. Во 1907 година учествува во епската битка на Ножот. Во 1921 година се вклучува во активностите на Македонската федеративна револуционерна организација (МФРО), која за се бори за создавање автономна држава Македонија во нејзините географски и економски граници.

Повеќе...
 
Среда, 13 Јули 2016 03:00    PDF Печати Е-пошта
Мише Развигоров

mise-razvigorov-180Михаил (Мише) Развигоров  (28. X 1873 – Штип, 21. III 1907) е македонски револуционер и војвода, деец на ТМОРО и учител. По Виничката афера во 1897 година, тој бил осуден на доживотен затвор и заточен во Подрум Кале, Мала Азија. Амнестиран е во 1902 г. и учествувал во Илинденското востание. По Востанието останал нелегален војвода во Штипската околија. Во март 1907 г.,  во борба со османлиска војска, се самоубил во запалена куќа.

Повеќе...
 
Среда, 06 Јули 2016 03:00    PDF Печати Е-пошта
Арсени Јовков

arseni-jovkov-180Арсени Јовков (25. III 1882 – 14. IX 1924) е македонски поет и публицист, општественик, револуционер, учесник во Илинденското востание, преведувач, филмолог. Како литерат се пројавува во првите две децении на ХХ в., во периодот на својот престој во Бугарија. Редактор е на весниците „Илинден“, „Пирин“ и „20 јули“, а по 1923 г. решително се одредува на страната на македонската левица. Издал две поеми: „Проклетина“ (Варна, 1905) и „Љуљебургас“ (Варна, 1912). Во ракопис му се останати повеќе песни и поеми меѓу кои романот во стихови „Илинден“. Тој е првиот македонски филмски сценарист, според чие сценарио е снимен документарниот филм „Македонија во слики“ во 1923 г. и е автор на сценарио за игран филм „Илинден“

Повеќе...
 
Среда, 29 Јуни 2016 03:00    PDF Печати Е-пошта
Иван Снегаров

ivan-snegarov-180Иван Снегаров (12. Х 1883 – 1. III 1971) е истакнат славист, историчар, универзитетски професор и бугарски академик со потекло од Македонија. Член е на Македонската револуционерна организација, а бил и редактор на весникот „Автономна Македонија“, орган на Македонската федеративна емигрантска организација во Бугарија. Тој е  еден од основачите и член на Македонскиот научен институт во Софија (1923) и е соработник на органот „Македонски преглед“ (1924 - 1943). Неговиот капитален труд е Историјата на „Охридската архиепископија“ (1924). Се залагал за политичка и духовна самостојност на Македонија.

Повеќе...
 
Среда, 22 Јуни 2016 03:00    PDF Печати Е-пошта
Коста Групче

Kosta Grupce-180Коста Ангелов Групчев (1849 – 1907) е македонски национален деец, борец за македонската национална самостојност. еден од првите македонисти кон крајот на XIX и почетокот на XX век. Тој е еден од организаторите на Македонскиот таен комитет во Софија (1885), кој од бугарските власти бил окарактеризиран како „сепаратистички“, бидејќи се залагал „за самостоен културен и политички развој“. Со Наум Евров, В. Карајовов и Темко Попов се залагале за македонска национална црква и за воведување македонски јазик во училиштата.

Повеќе...
 
Среда, 15 Јуни 2016 03:00    PDF Печати Е-пошта
Дејан Димитров - Карпата

dejan dimitrov vojvoda

Дејан Димитров – Карпата (22. III 1873 - 10. IX 1912) е македонски револуционер, член на Македонската револуционерна организација и охридски војвода на ТМОРО. Водел успешни борби со османлиската војска и башибозукот во Охридско. Учествувал во подготовките за Илинденското востание (набавувал оружје), потоа на Смилевскиот конгрес и во низа борби со турскиот аскер. Во пресрет на Првата балканска војна бил уапсен од Турците и жив запален.

Дејан Мицков Димитров – Карпата е роден на 9 март (22 март нов стил) 1873 година во охридското село Лактиење. Не одел на училиште, а тешките животни услови под турската власт ќе го натераат повремено да оди на печалба во Бугарија. Во периодот од 1890 до 1901 година, работел како каменорезец во бугарските градови Варна и Русе. Сам научил да чита и пишува, а потоа се запознава и со книшки со револуционерна содржина.

Во 1901 година станал член на Македонската револуционерна организација. На 6 јули 1901 година, станал комита во новоформираната чета на војводата Тале Горанов, а во 1902 година, бил назначен за подвојвода на војводата Никола Русински, со 9 души четници, кои делуваа во охридска Дебарца.

Во јули 1902 година Дејан Димитров – Карпата бил назначен за војвода на чета, по што водел успешни борби со османлиската војска и башибозукот во Охридско. Четата на Димитров го ликвидира крволочниот сејмен Ризо, како и серија предавници од Охридско.

Во средината на март 1903 година, во екот на подготовките за престојното Илинденско востание, четата на војводата Дејан Димитров била опколена од турскиот аскер во селото Арбиново. Дејан со четата успеал да го пробие обрачот, но во судир со башибозукот загинал војводата Тома Давидов кој заедно со селската милиција во бројност од 80 души пристигнал на помош.

Дејан Димитров – Карпата учествувал на Смилевскиот конгрес (2-7. V 1903). До почетокот на Илинденското востание 1903 година успеал да обезбеди 270 пушки, а потоа учествувал во низа востанички борби, како борбите кај Сирулски рид, Грмешница и други. По задушувањето на востанието, преку Куманово и Врање заминал за Белград, а потоа во Софија, каде пристигнал на 14 ноември 1903 година.

Во 1904 година, хроничарот на илинденските настани професорот Љубомир Милетиќ ги бележи спомените на војводата Дејан Димитров, кој опишувајќи ги деталите од масакрот во Рашанец, ќе раскаже: „Имаше и деца убиени: видов едно дете на 6 месеци од Опеница, отепано. Имаше деца намерно фрлени од карпите, распарчени. Во една пештера имаше заклани жени, цело семејство, 9 души, беа заклани и потпалени со газија. Аскерот помина низ семејствата и однесе се` што можеше да однесе, обесчести се` што можеше да обесчести... Додека се водела борбата семејствата биле в средина, во долината. Турските куршуми паѓале и врз нив. Тие дури и намерно пукаа во невините жени и деца. Иако турски бимбаша им наредил на војниците да не пукаат во жените и во децата, тие не го слушале, а тој и со ремен удирал да престанат да пукаат во долината. Кога видел дека не го слушаат, дигнал раце и натажено извикал: ’Алах, алах’!”.

По засилувањето на српската оружена пропаганда во Македонија, Дејан добил задача со својата чета да дејствува во Велешко. Димитров се вратил во Македонија и од средината на јуни до крајот на 1905 година дејствува во Велешко, а потоа пак се префрлил во Охридско, каде дејствувал како помошник на војводата Патар Чаулев од 1906 до јули 1908 година.

По Младотурската револуција во јули 1908 година, кога Младотурците овозможиле политичка слобода (Хуриет), Димитров се легализирал во родното село. Меѓутоа, овој период траел кратко време и иако функционирал парламентот демократијата не постоела. Младотурците набрзо воведувеле рестриктивни мерки и закони против вооружените чети шротив политичките партии и организации формирани на етничка и верска основа од октомври 1909 година, и работничките штрајкови.

Во пресрет на Првата балканска војна Дејан Мицков Димитров – Карпата, на препад бил уапсен и спроведен во затворот во село Песочани и страшно измачуван, а потоа, заради заплашување на населението, со алка на вилицата, како мечка бил воден по селата каде што војводувал. Според раскажувањето на старите илинденци, тоа што го преживеал големиот охридски војвода за време на измачувањето, не можеле да го издржат ни најсилните мажи.

Најпосле, на 10 септември 1912 година, Дејан Димитров - Карпата го извеле кај месноста Опчелин во атарот на село Песочани, Охридско, го врзале со јаже за половината и го спуштале во вода се додека не се онесвестил. На крај го врзале за стожерот на лисник, го полиле со газја и жив го запалиле. Народот неговото име ќе го овековечи со песна „Ми слезе Дејан војвода“.

(Песна за војводата Дејан Димитров)
Ми слезе Дејан војвода - во исполнение на Кирил Мицкоски, Охрид

Никнала трева зелена,
ми разлистела гората,
ми слезе Дејан војвода /
од славна Славеј планина. / x2

Цела Деб`рца ја прошета,
од очи солзи пророна,
многу мајки тој виде /
во црно сè облечени. / x2

Едно ми пиле долета
на сува гранка застана,
жална ми песна зепеја, /
од луѓе неќе да бега. / x2

Штом војвода го догледа,
лоша му мисла долета,
тргна за Славеј планина /
кај своја верна дружина. / x2

Уште во Славеј не појде,
в раце кај ѕверови ојде,
рацете му ги врзаја, /
кај Опчели го фрлија. / x2

Цела Деб`рца зажали,
старо и младо заплачи,
дека ми Дејан загина, /
млад Дејан, силен војвода. / x2

 
Среда, 08 Јуни 2016 03:00    PDF Печати Е-пошта
Георги Казепов

Georgi kazepov-180Георги Казепов или Ѓорѓи Казапов (21.II 1880 – 23. IX 1923) е македонски револуционер, член и војвода на Македонската револиционерна организација. За време на Илинденското востание се борел во четата на Јане Сандански и Илија Крчовалијата. Под негово раководство Мелничкиот регион дава тврд отпор на Грчката пропаганда во Македонија. Во 1908 г., учествува во формирањето на Народната федеративна партија, а во 1909 г. во походот на Цариград. За време на Балканската војна со четите предводени од Сандански влегува во Солун.

Повеќе...
 


JPAGE_CURRENT_OF_TOTAL

На прво место

News image

Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ги усвои победничките листи за парламентарните избори

  Муцунски: Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ги усвои победничките листи за парламентарните...

Историја

News image

Гоце Делчев неприкосновен лидер на македонската револуционерна борба

Општонародниот водач на македонската ослободителна борба Гоце Делчев е роден на 4 февруари 1872 годи...

Иселеници

News image

НАЈГОЛЕМО ПРИЗНАНИЕ ЗА АНСАМБЛОТ „Томов“ И ЗА ГЕОРГИ (ЏОРЏ) ТОМОВ (19)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ТОМОВ“  НА СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

News image

Велигденски пост

Првичната цел на предвелигденскиот пост била насочена кон огласените, кои се припремале да бидат крс...

Фељтон

News image

АКТИВНОСТИ НА ФОНДАЦИЈАТА ПО СМРТТА НА АТАНАС БЛИЗНАКОВ – (ДЕЛ II) (25)

ДЕЛ ОД ЖИВОТОТ НА АТАНАС БЛИЗНАЈОВ ВО МОНОГРАФИИТЕ НА СЛАВЕ КАТИН

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.