Македонски легенди
Среда, 01 Септември 2010 03:00    PDF Печати Е-пошта
Мирка Гинова
mirka-ginovaГИНОВА, Мирка (с. Росилово, Воденско, Егеjскиот дел на Македониjа, 1916 – Ениџе-Вардар, 26. VII 1946) – деец и борец за демократија и слобода. Заедно со илјадници македонски и грчки патриоти, се бореше против фашистичките окупатори на Грција, а подоцна и против силите на реакцијата и монархофашизмот. Мирка Гинова беше жена која не го прифати животот како милост во замена за идеалите на македонската борба, за македонската слобода. Како борец на македонското национално ослободително движење, таа стана симбол за храброста на македонската жена. Завршила учителска школа и учителствувала во повеќе места. Илегално дејствувала по воденските и мегленските села, а во 1943 г. се вклучила во редовите на НОБ. Била секретарка на АФЖ за Воденскиот округ. Во 1946 г. била заробена во една акција на грчката војска, осудена од воениот суд во Ениџе - Вардар и стрелана. Нејзините подвизи и нејзиното име со гордост се споменува меѓу народот. Народот за неа испеал повеќе песни, а во нејзина чест низ Македонија има десетици институции кои го носат нејзиното име.
Повеќе...
 
Среда, 25 Август 2010 03:00    PDF Печати Е-пошта
Даме Груев
Dame_Gruev-240Дамјан Јованов Груев – Даме (с. Смилево, Битолско, 19. I 1871 – врв Петлец, кај с. Русиново Малешевско, 23. XII 1906) – Револуционер и национален деец. Револуционер со душа и со срце, верен на идејата од која се водеше, за која се бореше и за која загина - ослободување на македонскиот народ. Целиот свој живот беше со народот, првенствено како негов учител, а потоа и како еден од основачите на Внатрешата македонска револуционерна организација. Даме беше столбот на кој се потпираше народноослободителното движење, посебно Внатрешната македонска револуционерна организација. Тој беше инспиратор и организатор на народноослободителната борба во тој период, посебно на Илинденското востание во 1903 година.
Повеќе...
 
Среда, 18 Август 2010 03:00    PDF Печати Е-пошта
Гоце Делчев

goce-delcevЃорѓи (Гоце) Делчев (Кукуш, 4 фебруар 1872 – с. Баница, Серско 4 мај 1903) - идеолог, организатор и водач на македонското револуционерно национално ослободително движење во крајот на XIX и почетокот на XX век. Бил рожба на својата епоха, кој го изразувал стремежот на македонскиот народ за ослободување од отоманското ропство. Израснат врз идеите и искуствата на европските и балканските револуционерни демократи, тој сиот свој животен пат и го посветил на македонската национална револуција. Како просветител и ревулуционер, идеен и воен лидер, воспитувач на првите чети и војводи, зaдграничен преставник, уставотворец и државник, тој бил еден од најголемите револуционери на Македонската револуционерна организација. Гоце бил апостол на македонскиот народ во борбата за самостојност и за национална држава.

Повеќе...
 
Среда, 11 Август 2010 03:00    PDF Печати Е-пошта
Никола Карев
Nikola_karevНикола Јанакиев Карев (Крушево,1877 – с. Рајчани, 1905) – претседател на Крушевската Република, бил учител, социјалист и национален деец, ревулуционер и војвода. Завршува четврти клас во Битолската гимназија. На 16 години заминува на печалба во Бугарија. Како столарски работник работи во работилницата на Васил Главинов од кого ги прифаќа социјалистичките идеи. Заедно со Васил Главинов, ја основаат Македонско-одринската социјал-демократска група (1896). Во родниот град се враќа во 1899 година и заедно со Веле Марков ја формираат социјалистичка група во Крушево. Во ТМОРО се вклучува по Првата социјалистичка конференција (1901).
Повеќе...
 
Среда, 04 Август 2010 03:00    PDF Печати Е-пошта
Питу Гули
pitu_guliРоден е во 1868 година во Крушево,во нерамноправна, но херојска борба, на 13 август 1903 година, бранејќи го Крушево и легендарната Крушевска Република, загинал заедно со борците од својот одред.

Во македонската историја се споменуваат низа светли ликови на револуционери и видни граѓани кои учествуваа во подготовките и дигањето на Иленденското востание, во раководењето со востаниците, како и во одбраната на Крушевската Република. Помеѓу сите тие светли ликови на бестрашни бранители во одбраната на Крушевската Република, се издвојува личност која со своето јунаштво ќе се издигне над сите, а кој народот во своите песни ќе го овековечи за век и веков.
Повеќе...
 
Среда, 28 Јули 2010 03:05    PDF Печати Е-пошта
Стале Попов
stale-popov(25 мај 1902 - 10 март 1965)

Стале Попов е македонски раскажувач и романсиер. Роден е во селото Мелница, Мариово. Произлегува од селска средина. Неговите стари, по традиција, биле земјоделци, но меѓу нив имало и школувани. Уште како дете бил сведок на тешкиот живот на своите соселани, кои живееле ропски живот под турските аги и бегови како обесправена раја. Неговите биле малку поимотни и културно поиздигнати, зашто од нив имало и свештеници. Основно образование завршил во с. Витолиште (Мариовско). Започнал да учи гимназија во Прилеп, а завршил богословија во Битола и Теолошки факултет во Белград. Сепак, тој никогаш не се запопил, а пред Втората светска војна работел како земјоделец, дрвар, овчар, трговец, бакал, службеник во тогашната Народна скупштина, општински чиновник, шумар, тутунски работник.
Повеќе...
 
Среда, 21 Јули 2010 03:00    PDF Печати Е-пошта
Павел Шатев
Pavel_Shatev(Роден е во Кратово, 15 јуни 1882 г. - починал во Битола, 30 јануари 1951 г.)

Основното училиште го завршува во родниот град, а потоа се запишува во прогимназијата во Скопје. Натаму, во 1896 година своето образование го продолжува во Солунската бугарска машка гимназија, каде во 1900 година успешно матурира.
Повеќе...
 
Среда, 14 Јули 2010 03:56    PDF Печати Е-пошта
Марко Костов Цепенков
MarkoCepenkovРоден во с. Ореовец- Прилепско на 7 ноември 1829 умира во  Софија, 29 декември 1920

Марко Костов Цепенков е најголем собирач на македонски народни умотворби, кои имаат непроценливо значење за македонската фолклористика, за етнографијата, за лингвистиката, за националната историја, за правото и за моралот на Македонците.
Повеќе...
 
Среда, 07 Јули 2010 03:00    PDF Печати Е-пошта
Круме Кепески
krume-kepeskiКруме Кепески (Прилеп, 8 април 1909 - 3 ноември 1988), македонски педагог, лингвист, преведувач, собирач на македонски народни умотворби, граматичар, автор на првата Македонска граматика, објавена во 1946 година, коавтор (со Шаип Јусуф) на првата Ромска граматика, објавена во 1980 година, на збирката анегдоти, хуморески и легенди „Островот бил парче земја фрлен во вода“, објавена во 1993 година и на други дела.
Повеќе...
 
Среда, 30 Јуни 2010 03:00    PDF Печати Е-пошта
Ѓорѓија Пулевски
Georgi_Pulevski240Ѓорѓија Пулевски или Ѓорѓи Пулевски (1817, Галичник – 13 февруари 1893, Софија) бил македонски писател на кратки дела, лексикограф, историчар и воен водач.
Повеќе...
 


JPAGE_CURRENT_OF_TOTAL

На прво место

News image

Русија и Кина да поднесат барање до Обединетите Нации за поддршка на Македонија

ММДЧП ги повикува Русија и Кина да поднесат барање до Обединетите Нации за поддршка на Македонија, и...

Иселеници

News image

Забранетиот филм РУГАЊЕ СО ХРИСТОС се прикажува во Австралија

  Во Австралија пристигна режисерот и сценарист Јани...

Култура и туризам

Фељтон

News image

Александар Македонски (67)

ТРГОВСКИТЕ ПАТИШТА ЗА ВРЕМЕ НА АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ И РИМСКАТА ИМПРИЈА

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.