Среда, 22 Јули 2015    Печати
Скопје ’63

violeta-sekovska

Ноќта на глува убавина наликува,
молк ита од соништата,
блесок од првите зраци сончеви...

Наеднаш!

Стојат птиците на дрвјата,
застанаа облаците на небото,
сопреа сказалките на часовникот,
тресок се слушна во ѕидините,
сенка од прашина,
ко ѕвер се надвисна,
морна тежина на утрото,
над градот се распосла,
лелек и тагата, градот го сокрија.

Убавината во рушевина се претвори,
врисок и плач во крик
се слуша од секаде,
имиња се довикуваа...
Мајка го бара чедото
од градите оттргнато,
оттргнато од нејзиното тело,
рачиња назираат од грамади,
под рушевини неми подадени,
но чии се?

Живите избезумени,
со голи раце копаат,
барем еден живот да спасат.
Заробени во своите души,
сардисани со камења, студенила,
очи плачни, солзи крвави, ладни,
од длабочините немирно се чека
само близок свој да видат.

Стојат деновите во болка.
Стојат птиците
од гнезда испаднати,
на земјата стојат
листовите отпаднати
од гранките соголени,
сосема сами осамени.

Денес по толку години
силно шепотат за промените,
за сјајот, извлечени од времето
во прегратките
на градот Скопје потонати!

Виолета СЕКОВСКА