
КРСТЕ МИСИРКОВ
Да ние е да сме доста колку да се разбистри небото над Бистрине, Корабине – Да ни е да сме доволно колку за да се довардиме покрај Вардарине и Струмине – Да ни е да сме мерата колку да се прелееме од колено во колено до кај истрајвекот – Малцичка сме ли ете па што малцичка божем а веќе со векови по стопати по севезден нè пребројуваат Но ние сме како што сте како што се И покрај сè и покрај сè колку сме толку сме токму сме! |