Денови ќе дојдат, кога од сенката ќе ни се плашите. Пискајќи ќе бегате.
Од совест своја ќе се грозите, ќе се рушите и пустошите сами на светов ќе останете.
Ех, Македонија...поробена, дробена јадена! Земја делена, в туѓина продадена...
Реки, падини, планини разделени. Висови и гребени, врвови осамени! С# е свето - светотија! Зарем тоа ви смета!?
Грев и грешност немаме. Сал честа непогазена низ прегор искалена
.Вие, тоните, замирате, паѓате. Нит име нит гроб ќе знаете, сами скаменети ко камења ќе лежите, Македонија, нема да ја имате.
Во земјата славна, глас се одзива, лица незаборавни, траги познати, по трагите трагаме, копнееме за својата земја вистина откриваме.
Виолета СЕКОВСКА |