Среда, 04 Ноември 2015    Печати
Ден и Ноќ

12202592 896462407073600 222978774 n Надица Трпевска

Ден и Ноќ

И ветар и магла ,

И солза што се крие,

И осаменост и тага,

И срце што вие..

И ти, и јас,

Постоиме ли ние?

И заборав и копнеж,

Што крвта ми ја пие.

И ден и ноќ,

И повторно тага,

И рози и трње,

Зар ние сме лага?

И рѓа и злато,

И навидум сјај,

И покор и љубов,

Со мирис на крај