Среда, 11 Ноември 2015    Печати
Македонка

miladin-ugrenovic
Миладин УГРЕНОВИЌ

Набрана јанѕа,
в скутина рика.
Од зад сонцето дури
и изгрева мисла.
И секој збор
планина е една,
во душата стипсана
ко сугаре в лулка.
А, ти ...
високо нa ридот,
ко сончева посестрима
световите ги броиш
и светот твој
в болката го бараш.
Сал клетвата македонска
од пред исконска доба,
те тера да траеш
и синови да раѓаш.
Зашто рожбата
во крвта ти е,
да препливаш води,
да изгаснеш жед.