Среда, 02 Декември 2015    Печати
Без вина виновни

violeta-sekovska

Македонци се раѓаме.
Вие сакате вина да осеќаме.
Разгневен ветар
врз нас чувствуваме.
Сенки дамлосани – суви крила,
со гнев по нас замавнувате,
зошто сме виновни?
Со раѓање име добиваме
во смрт со исто заминуваме,
без името ни смртта
не може да не пронајде.
Билките име имаат,
дрвјата име имаат,
животните име имаат,
зошто Македонците име да немаат?
Гласно ве прашувам...одговорете!?
Одговор немате - молчите.
Одговори побарајте
во воздухот ќе најдете,
еднакво го дишеме.
Во водата се одговорите
еднакво ја пиеме.
Во оганот се одговорите,
сите еднакво гориме.
Во земјата е одговорот,
сите еднакво гниеме.
На нашите претци ветивме
за својата земја до еден ќе гинеме,
во крстот христијански се колнеме,
името на земјата своја
со живот ќе го сочуваме.

Виолета Сековска