Среда, 09 Декември 2015    Печати
Етно тркало

Моето име е Македонија !
Презимето, македонка !
Со преврзани рани
од минатото
и со душа вдахната
кон иднината,
ќе отрчам среќна.

Песна македонска
и благородна,
низ планини
и рамнини да разлеам .

Кога погледнам назад,
знаме со крв од куршуми.

Кога погледнам напред
поетите пеат.

Пеат, во лоното на зборот!
За мракот тогашен
и светлината денешна.

За етното тркало
од Божјата рака,
кое се тркала
неуморно и македонски .

Мала грутка земја
си ти Македонијо,
со голема плодност.

Љубов се сее
по ливадите на срцата наши
и среќа се вее, што Ти постоиш!

Те сакам Македонијо!
Земјо историска,
со крв исплатена
и со неа,
во убаво име овековечена.

Име не се менува!

Моето име
ќе биде секогаш,
Македонија!

milica-paulus
МИЛИЦА ПАУЛУС