Среда, 30 Март 2016    Печати
За кого

Еј вие мои Херои,
Станете од вашите гробови
и кажете им на овие створови!

-За кого татков дом оставивте
жена и деца напуштивте
пиштол и кама бакнавте
заклетва положивте?

-За кого пушка в рака зедовте
за кого во влажни ровови лежевте,
за кого алово знаме
во битка веевте,
Со СМРТ И СЛОБОДА
на усните гиневте?

-Станете од вашите гробови
и кажете им на овие створови.
-За кого по затвори гниевте
за кого коски ви кршеа
рана на рана ви отвораа
од родот татковски
да се откажете ве тераа?

-За кого земја со крв натопивте
за кого младоста ја положивте? -ЗА КОГО!!!

-За едно сонце,
за едно небо,
за едно ново утро
што се раѓа.
За МЕНЕ за ТЕБЕ,
за едно ИМЕ,
за сите НАС што овде
гнездо сме свиле,
за една ЗЕМЈА
што вреди да се живее и гине!

-ЗА МАКЕДОНИЈА!!!

meri-arsovska
Мери Арсовска