По свит јаглен босоног одев, крај брат ми Кирила од Солуна до Моравија, и по ноќи одев и по бел ден до темни зандани во Елванген!
Напуштив и куќа и татков дом да водам јато по божји ѕвона, да бидам разден меѓу темни ноќи и јасни дни.
Се расони сончев провев, ангел на небо блесна и би ново слово и би ново писмо сеславјанско!
-Зошто ново, какво ново!?- заѕвери ѕверски глас и побара оган и побара потпал за двајцата нас...
Колку народи - толку буквари, колку народи - толку писма а Бог е еден!
И нека чита мојот род и нека пее и нека слави мојот народ, Бог нек слави по македонски!
Панде Манојлов 03.05.1995 |