Среда, 04 Мај 2016    Печати
Ова е Македонија

Газете, тиранини, газете
Та, да не би сте до нагазиле
Зарем не гледате?
Ова е Македонија!

Овде убавината сѐ сее
Сонцето од четири страни грее
Житото цела година зрее,
А песната јуначка, дено-ноќно се пее.

Од војни и тирании, тлото гори
Млад и стар крваво се бори
за парче мир сѐ, се стори,
За орото во, слобода, да се виори.

Најслаткото вино, овде се пие,
На секој врв по една легенда се крие,
Во душите радоста врие,
А историјата како камбана бие.

Газете, тиранини, газете
Та, да не би сте до нагазиле
Зарем не гледате?
Ова е Македонија!

biljana-todorovskaБиљана Тодоровска