Среда, 09 Ноември 2016    Печати
Братска стрелба

О, светлино исфрли ме,
испукај ме!
Право е мојот глагол,
мој пат до славата...
Да можам да ја сетам брзината;
повлечи го чкрапецот,
стисни го со злобата своја,
израмни ја целта во очите,
и, пукај брате македонецу!
Стрелај в срце право
зрното да се зарие во целта,
заврши го чинот со насмевка
на твоето непрокопсано лице,
оти самоуништувањето не навјаса
од зла клетва проколнати
да сме цел род до века....
Сокриј се во твоето кукавичко гнездо -
при вакви делби,
проклети да се братските стрелби.

mitre-mangoski
МИТРЕ МАНГОСКИ РАДОЖДАНСКИ