Среда, 14 Декември 2016    Печати
Во Македонија

Споменик гледам,
комита со пушка,
наведнат малку,
чекори, трча.
 
Кој е тој воин?
Каде ли ита?
Кој ли го гони?
 
Од околу дрвје,
борова шума,
шепоти тивко
ветрецот благ.
 
Предаден беше
од кодошот клет
за бедно парче
од црниот леб.
 
Храбро се борел
во нерамен бој
и својот живот
сам си го зел.
 
Од тогаш велат:
на тој ден страшен,
во маглите густи
испаѓал тој,
на бел коњ качен,
со пушка во рака,
коњот му трча,
а јунакот вели:
 
Загинавв храбро,
се борев смело,
животот го дадов
за македонското дело.
 
А шумите шумат,
бреговите ечат:
Остани славен,
хероју вечен!

Зоран Петров
Објавено лето Господово 1999, издание бр.4 во информативно-политичко гласило на ВМРО-ДПМНЕ ОК Неготино

glas-1999