Среда, 12 Април 2017    Печати
Три страни

Од три страни црнина
трнови бодат срцевина
место барјаци врака
глави наденати вмака.
Војводи стројни идат
комити може да се видат
не еднаш во борба смела
опиени со крв врела.
Кон целта  своја  одат
намера храбро водат
без лелек, збор да речат,
еден зад друг следат.
Реденици се кинеле
пушки врака менеле
кинисале мерка да земат
своја земја да удомат
ѕверови да припитомат.
Лути борби вгради вгради
светнаа крвој ко огној
сабји што сечат глави
покосија тела вгробој.
Над гробој слова славни
кирилски букви дамни.
Тука почива-Кој?
сонцето, слободата, човекот?
Чмаев, гласно редев...Ааа,
оружјето, робството, смртта,
во чии животи лежат.

violeta-sekovska
Виолета Сековска