Среда, 27 Декември 2017    Печати
НЕПОКОР И ИСТРАЈ НА МАКЕДОНСКАТА ПЕСНА

SavoKostadinovski
Саво Костадиноски

(Минхен,10.1.1973)

О, ти наша славна македонска песно
со истрај вечен и во ропски векој
и покрај неизвесна иднина кревка
и покрај жешките болки во зборот
но надеждта не беше нежна ко тревка
ти стоеше високо на тронот на врв
ти немаше непреодни патишта пред тебе
ти храбра беше без никаков страв
од куршум смртен од огон и крв.

Биди горда песно на твојот народ
од колено на колено те чувал и те чува
ти си гласник во секој ден светол
а и во ноќта темна глува
песна си што оди по патот сончев
а тоа го знаеме  и го чувствуваме
штом во денот на срцето песната е сонце
сонце на кое гласно се радуваме
па затоа секој те чува во себе
и никој не дава ниту еден зрак
да згасне песно од тебе.
Ти си ни песна со непокор и истрај
македонска песна повечна од век
блиска песно на твојот народ
утеха во секое невреме и време
за душата страдна незаменлив лек
ти стражариш будно од душмани клети
верен си стражар пред целиот свет
ти ги чуваш песно јазикот и зборот
и нашиот македонски иднтитет.