Среда, 27 Јуни 2018    PDF Печати Е-пошта
РОДНАТА ЗЕМЈА, МАКЕДОНИЈА СЕ ВИКА

gordana-dimovska-makedonija

Заминав едно пладне пролетно
Со куфер полн спомени
На мојата земја,
Моите родители, роднини, браќа
и да го отвориш денес
тие спомени се се уште таму
не исчезнуваат, не бледеат
тие се вистински,
засекогаш во срцето
и не венеат.

Македонци насекаде
Се радуваат со своето име
Пеат македонски песни
Зборуваат Македонски јазик
Слават празници, религиозни и национални
Веат знамиња црвени и жолти,
Се гордеат на херои славни,

се гордеат со земјата родна.

Но зошто ви требаше нов договор сега?
Со тирани кои грабеа и крадеа
Убиваа, протераа стотици илјади невини
Мажи, жени, деца
Да талкаат по светот
Се бараат и патат
Не можат пак на огниште свое
да се вратат.

Отфрлете ја омразата клета
Здружете се сите како еден
Нема место за поделби нови
Нема место за тирани клети
Спротивставете се на злото
Кое ви го припрема некој,

одбранете ја земјата наша света.

Кој треба да ви каже
Да се наречете нешто друго
Зарем не знаете кои сте ?
Зарем немате почит кон себе
Кон коренот свој
Кон својата историја
Кон претците кои се бореа
Се жртвуваа, изумреа
За таа земја Македонија?

И јас пак сакам да се вратам
На тоа парче македонска земја
Каде се родив и израснав
На тоа парче македонска земја
Каде секое камче историја преде
И никој нема право да го одземе.

Слава и чест на нашите претци
Нивниот спомен, незаборав вечен,
Како најубав шарен цвет
Да остане така признат во цел свет.
И тешкото стана најтешко
По чија вина?
Во најтешкото следува пак борба
Не останувајте слепи и неми, несвесни
Запливани во матни немирни води.
Станете Македонци ширум светот
Од секое срце се уште клика

Родната земја Македонија се вика!

Гордана Димовска

 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.