Среда, 22 Август 2018    Печати
БИДИ ГОРДА ЗЕМЈО НА ТВОЈОТ НАРОД

savo-kostadinovski-pesna
САВО  КОСТАДИНОВСКИ

Биди горда земјо на твојот народ
во срцата за тебе тој топлина чува
топлина со света божествена љубов
според замислата на сонцето светло
живот што ни дава овде да постоиме
та и како вечна светлина мила
од денот убав што не ја двоиме
со завет сме што бодри и храбри
дека и ние сакана земјо
од тебе нема да се одвоиме

Те сакаме земјо со срце и душа
народот бескрајно тебе ти е верен
повисока верба и од планината
да бидеме тоа што вековно сме биле
ко цвеќето верно на убавината
убавини што личат на нашите песни
и желно бараат да ги запееме
зашто само така со жарот на љубовта
гласно се пее за татковината

Биди горда земјо на твојот народ
во нас си љубов желби што ни множи
посветла да си од секое сонце
поубава да си од секоја убавина
народот за тебе да продолжи да пее
од три страни сонцето да грее
од четврта месечина.