Среда, 28 Ноември 2018    Печати
МИСИРКОВ

Ти
и околу срцето
имаше
многу расеани зборови
кои ги собра на куп
и покрај растргнатите времиња
успеа
во тишината на годините
да го пронајдеш нивниот глас.

Ти
како да одврза
светлосен јазол на сонцето
и како да му ја врати
денската светлина
на македонскиот јазик.

Ти
на нашите претци
кои со силата
на народната песна
ја калеле
иднината на нашиот збор
им ја потврди заложбата
и со тоа твое дело
сосема оправдано
ја засени
нечија изопачена историја.

 

savo-kostadinovski-pesna
САВО  КОСТАДИНОВСКИ