Четврток, 06 Декември 2018    Печати
ПО ТРАГИТЕ НА ГОЛЕМА ЛАГА

112

Томе Велков

ПО ТРАГИТЕ НА ГОЛЕМА ЛАГА

Велат дека сме измислен род

Велат дека немаме иднина

Тоа е добро за нас

Колку повеќе ни го спомнуваат името

Толку повеќе осознаваат за нас

Но вината не е кај нив

Туку кај нас

Не растегнуваат од меѓа до меѓа

Од граница до граница

Од континент до континент

Затоа не’ има на секое свето место

Кај што човекот направил покрив

А ние засадиле љубов

Тајната за нас не е кај вас

Туку кај нас-

Не ја спознавме

Зашто бевме неуќи

Незаситеноста е желба за уште -

Бес на сатрапите за се’ што е наше

Злодејците од ист род

Ни ја пијат крвта

Во тунелот на надеждта

И понатака ќе ја голтаме лагата за нас

Како вистина

Зашто империјални ветрови

Ни ја дуваат свестта

Во хаотично анархиситично

Апокалиптично видение

Но вината не е кај нив

Туку кај нас.

Од необјавената Таа чудесна земја