Среда, 09 Јануари 2019    Печати
СВЕТИ КЛИМЕНТ

SavoСаво Костадиновски

СВЕТИ КЛИМЕНТ

Зборот е живот.

Тој бил

и на почетокот на светот -

живот

кој живот оплодува

и со живот наградува.

Така

и Твоите слова, Клименте

во живот се пресоздале

кои Тебе

засекогаш

Те одделиле од смртта

штом светот

јасно те разбра

како духовен творец

со вечен живот

и со вечен глас

во нашиот македонски јазик.

Наша е обврската

сега и за навек

секој вакуум на нашето време

со времето на Твојата заветна иднина

да го дополнуваме

та

растојанието  што ги дели

Твоето и нашето време

ни дава на знаење

дека

низ сите времиња

Твоето време нè задолжило

сè дотаму

до каде што по вековите

се разлевал Твојот светлозрачен живот

и во недоглед се издолжувал -

со Тебе

и ние сме живееле

и ќе живееме

и со животот на секој наш збор.