Среда, 23 Јануари 2019    Печати
МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК

 

SavoСАВО КОСТАДИНОВСКИ

МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК

Во пазувите на македонскиот јазик

расцуте словенската писменост.

Затоа

и во секој дух на историјата

духот на нашиот јазик

не излетал

од телото на сопствениот живот

пред замраченото лице

на некои од времињата.

Не случајно

вечно

и со цврст завет

се огласувал

екот на зборот

штом

во животот на секој збор

е сонот на нашата иднина.

Затоа ние

за светот имаме

и сонце кое знае

на македонски јазик да пее -

чие етничко небо

го носи

секој од нас!