Среда, 13 Март 2019    Печати
СУДБИНИ

Pande ManojlovПанде Манојлов

СУДБИНИ

Додека ме обезименат,
се чувствувам
како еден
дамна заборавен човек,
бродоломец
со име и презиме:
Стојко Додоловски,
прв и последен
Македонец
запишан во книгата
на патници
на бродот „Титаник“...

И, сега,
кога овој мој „Титаник“,
мојата татковина тоне,
а знам,
капетанот
прв ќе не напушти,
што сум подруг
и со подруга судбина
ли сум
од онаа
на Стојко Додоловски?