Среда, 08 Мај 2019    Печати
ЖАЛНА ВРБА

9ЖАЛНА ВРБА

Месец август, жетвата привршува

Жестоко сонце пригушува рамнини

А негде покрај Вардарот

Под една врба жалосна

Стара мајка коси расплетува.

И чедата свои ги споменува

Кои паднаа за слобода

А никој не ја дочека.

Под старото набрчкано лице

Солзи течат како порои

Од Солуна ветер дувнува

Солзи жални ги растура

Но стара мајка солзи има

Солзи течат не свршуваат

За јунакот нов што загина

За идолот Благој Шамбевски.

Герман , Австралија.