Среда, 07 Септември 2022    Печати
Македонско барање

d199

Ме бараш
погледни ми ги очите

огин како палат
во езерата исконски..
Погледни ми во душата
христијанска
каде молитвата стихови реди...
Најди ме во
мирот на гробовите прадедовски
кои немо предавнкот го колнат...
Летам над Кораб
сокриена во солзите
на бранителите
горам во секој крак на сонцето
шеснасеткрако...
Ме има во ветрот
кој те милува дома кога си,
ме има во првиот бакнеж,
првата прегратка,
тука сум и во лјубовта...
Заедно во сенките
длабоки
со паднатите бранители
на смртта во лице и се смеам...
Анѓелите на крилја ме носат
во соновите на сираците
како мајка македонка...
Ме има насекаде
само ако ме бараш
како Македонија ...
Не барај ме како
северна
на север има студенила
предавнички...
Не барај ме ни на југ
таму се копилиња ѓаволски
искварени...
На запад не сум
таму се убијци лицемерни
невернички...
На исток ме нема
таму се курви
продадени ...
Барај ме во срцето на балканот
таму каде што прадедовците
ме оставиле
таму каде што
Господ Бог ме створил
за тебе,
за твојот син, твојот внук...
Барај ме во срцето челично
Македонско
Во душата благодарна Македонска
Во окото огнено бесстрасно
Македонско
Барај ме како Македонија ..

Давор Крстевски