Среда, 23 Октомври 2019    Печати
Панде Манојлов - СУМ БИЛ

Pande ManojlovПанде Манојлов

СУМ БИЛ...*

Сум бил таксиратљија,
сум бил кусурлија
та ни очи ми се пуљет..
Беше сум бил
од пустељија,
Македонец од Голобрдо
роден со слзи
фољен жив на ѕеми
на ѕемја македонцка...
Да се чудиш
и да се дервиш
сега нешчо друго,
друга свирка свирит,
нов кијамет од Истока,
не сме биле тоа шчо сме
и во пљитко не дават
зеир глас не ни шчукат:
тоа сме,бре, шчо сме
и не се живит со момење
и не кажвеј ни за бољката
шчо сами си ја лежиме -
заш, ако сме од Голобрдо,
не сме голи ниту сираци.

*Песната е напишана на дијалектот на жителите од Голобрдо, Албанија