Среда, 30 Октомври 2019    Печати
Утро

Goce MarkovГоце Марков

Утро

Се будам!?

Празни хемисфери, надуени очи и завид!

Се лачи новиот ден,

Поим за претепан син

на ново послание од Бога,

сложувалка на мамурлак!?

Вклучувам неколку точки,

молчам, и чекам одговор?!

Вокали, електрони, желудник

и храна на душата лек и рана!

Мелодии и електроуреди,

сон а парче живот,

дел, на ново завештание,

нов сон за сонување,

ново утро!?