Среда, 19 Февруари 2020    Печати
Започнала од Кирил и Методија

SavoСАВО КОСТАДИНОВСКИ

Започнала од Кирил и Методија

да го зазема своето место,

таа во Охрид се устоличила,

и го зазела својот престол.

Аз,буки,веди,глаголи...сите букви

на бледа светлина се пишувале,

и како семе по светот-

брзо се учеле и грижно чувале.

Затоа.благословени од сите

се имињата на Кирил и Методија

од нивните свети умови-

првите букви ни се родија